05 Декември, 2025
0.0344

БАНКИТЕ СЕ ПОЛНИ КАКО „БРОДОВИ“ СО ГРАЃАНСКИ ЗАШТЕДИ, СЕГА СЕ 6,2 МИЛИЈАРДИ ЕВРА - довербата ја гради и Фондот за депозити, еве што треба да знаеме за сигурноста на парите

Објавено во: Финансии 24 Декември, 2024 10:21

Добивај вести на Viber

Во домашните банки македонските граѓани на крајот на ноември чувале 6,2 милијарди евра. Само во однос на еден месец претходно, односно во споредба со октомври, граѓанските штедни влогови се зголемени за дури 113 милиони евра.

Ова го покажуваат најновите податоци на Народна банка на Македонија, кои се однесуваат за претпоследниот месец од оваа година.

А тие несомнено говорат дека македонските граѓани, особено оние кои немаат преголеми вишоци на средства или едноставно не се толку храбри, сепак, и натаму ги преферираат домашните банки за чување на парите. Иако, во последниов период Берзата им е сериозна конкуренција, а инвеститорите се повеќе инвестираат во најдобрите, најликвидните и најтргуваните хартии од вредност. А, одредени наши граѓани инвестиртаат и во криптовалутите.

Сепак, да се дадат на доверба на банкарскиот сектор 6,2 милијарди евра од граѓанството, за македонски услови е многу висока сума, а банките треба да ја респектираат оваа доверба.

Секако дека една од причините зошто граѓаните имаат доверба во банките, особено оние што чуваат не толку високи влогови, е и Фондот за осигурување на депозити. Како што е познато, доколку имате влог од 30 илјади евра во било која од 13-те домашни банки, и доколку не дај боже настане ризичен настан и таа банка западне во стечај или ликвидација, вашиот влог од 30 илјади евра целосно ќе ви биде исплатен. А доколку имате повеќе, ќе мора да чекате и да бидете линеарно обесштетен од стечајната маса на банката, заедно со другите нејзини доверители.

Токму Фондот за осигурување на депозити спроведе истражување на јавното мислење во периодот од 21 ноември до 5 декември оваа година.

Од Фондот ги споделија со јавноста резултатите од нивното истражување. 

Од таму велат дека ова е второ истражување на јавното мислење спроведено во Фондот за осигурување на депозити, откако првото беше спроведено во декември 2019 година.

Оттаму велат дека се задоволни што расте довербата и воопшто знаењето на граѓаните дека Фондот е гарант за нивните депозити.

Ова се всушност резултатите од анкетата. 

Дури 83,6 отсто од испитаниците знаат дека Фондот за осигурување на депозити ги гарантира банкарските депозити.

Дури 72,7 отсто од испитаниците сметаат дека банките се сигурно место за чување на заштедите.

Во 2024 година процентот на граѓани кoи знаат дека депозитите се гарантирани од некоја институција во државата се искачил на 30,5 отсто, за разлика од 2019 година кога овој процент изнесува само 9 отсто. 

„Тоа укажува на фактот дека постои значителен напредок во информираноста на граѓаните за постоењето на систем за гаранција на депозитите во банките во Република Македонија“, велат од Фондот.

Од вкупниот број испитаници, 35,1 отсто слушнале за Фондот за осигурување на депозити.

Најголемиот број испитаници дознале за Фондот за осигурување на депозити преку медиумите. Во 2024 година, 58,1 отсто од испитаниците ја добиле информацијата преку медиумите, што претставува пораст во однос на 47,5 отсто во 2019 година. Ова укажува на зголемена медиумска покриеност и промоција на Фондот во последните години.

Може да се забележи дека е зголемено познавањето за максималниот износ кој Фондот за осигурување на депозити го обесштетува во Македонија. Во 2019 година, само 19,4 отсто од испитаниците знаеле за овој износ, додека во 2024 година, процентот на информираност пораснал на 64,8 отсто.

Во 2019 година, само 26,9 отсто од испитаниците сметале дека постоењето на фондот е многу важно за градење на доверба во банкарскиот сектор, додека во 2024 година овој процент се зголемил на 72,3 проценти.

Инаку, според пшодатоците на НБМ, во ноември, вкупните депозити се зголемени за 0,9 отсто на месечна основа во целост како резултат на растот на депозитите на секторот „домаќинства“, додека депозитите на корпоративниот сектор се намалиле. Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити забележаа раст од 11,0 отсто, поради повисоките депозити на двата сектора, со поголем придонес на депозитите на секторот „домаќинства“.

Во ноември, кај вкупните депозити на домаќинствата е забележан месечен и годишен раст од 1,9 и 13,3 отсто, соодветно. Притоа, растот кај двете основи во целост е резултат на зголемените депозитни пари и долгорочните депозити, додека краткорочните депозити бележат намалување.

Н.Н.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката