03 Декември, 2024
0.0299

Данела Арсовска пред Универзална сала се караше со архитекти: Пишувате памфлети на СДСМ

Објавено во: Македонија 25 Февруари, 2022

Добивај вести на Viber

Скопската градоначалничка Данела Арсовска денеска пред медиумите се расправаше со претставници на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) пред Универзалната сала. Состанокот беше на иницијатива на министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Арсовска останува на ставот дека проектот за изградба на Универзална сала е небезбеден и дека треба да биде стопиран, додека асоцијацијата останува на ставот дека тоа е политичка одлука на градоначалничката донесена без факти и аргументи.

Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) пред неколку дена објави дека политичарите не смеат да кажуваат оти проектот за Универзална сала е небезбеден, бидејќи тие не се стручни и со тоа ја омаловажуваат струката. 

Градоначалничката Данела Арсовска во вторникот на прес-конференција кажа дека Универзална сала не се прави, бидејќи проектот кој е одобрен од претходното раководство на Градот не е безбеден. На изјавата на Арсовска реагираше фирмата проектант „Мегарон инженеринг“, која кажа дека проектот е безбеден и сите измени се одобрени од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС).

- Проектот продолжува, но не со оваа документација која е небезбедна.  Соопштението на Асоцијацијата на архитекти беше памфлет на СДСМ. Констатирано е дека проектот не ја отсликува реалната состојба на терен, уште вчера поранешната претседателка на Советот,  Љубица Јанчева самата кажа дека откриле недостатоци на проектот. Не сакам да ги омаловажувам архитектите урбанисти, но тие се истите луѓе кои не сакаат својот потпис да го стават на овој проект. Се останато е политички инструирано, рече Арсовска по средбата.

На ова возврати претседателка на Собранието на Асоцијацијата, која рече дека архитектите се навредени што Арсовска ги поистоветила со СДСМ.

- Ние сме стручно тело кое постои пред Петре Шилегов. Нас не повика министерката за култура., Тоа не е памфлет, тоа е долга борба да не си ги користат политичарите објектите за свои поени. Кога некој ќе каже дека нешто е небезбедно, треба да излезе со факти. Објектот не е завршен, кога ќе биде завршен, тогаш ќе биде безбеден, рече таа.

Арсовска при тоа праша зошто не дошол Мишко Ралев, претседателот на асоцијацијата.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ТРАГЕДИЈА ВО ГЕВГЕЛИЈА - младо момче од Куманово почина по пад од зграда при изведување градежни работи

ТРАГЕДИЈА ВО ГЕВГЕЛИЈА - младо момче од Куманово почина по пад од зграда при изведување градежни работи

БОЈКОТ ВО „11 ОКТОМВРИ“: Родителите не ги пуштија децата на настава поради префрлање на насилно дете од друго школо

БОЈКОТ ВО „11 ОКТОМВРИ“: Родителите не ги пуштија децата на настава поради префрлање на насилно дете од друго школо

ИНСТРУКЦИИ ЗА ПОЕФИКАСНО ГОНЕЊЕ КОРПУЦИЈА - еве какви насоки дал државниот обвинител по критиките

ИНСТРУКЦИИ ЗА ПОЕФИКАСНО ГОНЕЊЕ КОРПУЦИЈА - еве какви насоки дал државниот обвинител по критиките

ОЈО: Предложен притвор за лице кое се обидело да запали албанско знаме

ОЈО: Предложен притвор за лице кое се обидело да запали албанско знаме

ПОРАЧУВА ДА НЕ СЕ ОТКАЖУВАТЕ ОД ВАШИТЕ ЦЕЛИ: Пред две години му беа ампутирани нозете, виничанец сепак истрача маратон во Базел

ПОРАЧУВА ДА НЕ СЕ ОТКАЖУВАТЕ ОД ВАШИТЕ ЦЕЛИ: Пред две години му беа ампутирани нозете, виничанец сепак истрача маратон во Базел

Тошковски: Не реагиравме превентивно, зошто немаше тепање, кршење и убиства

Тошковски: Не реагиравме превентивно, зошто немаше тепање, кршење и убиства

„ОДЛИЧНА ЕНЕРГИЈА ВО ТИМОТ“: Филипче одржа прв состанок со новото раководство на партијата

„ОДЛИЧНА ЕНЕРГИЈА ВО ТИМОТ“: Филипче одржа прв состанок со новото раководство на партијата

ОФИЦИЈАЛНО ПОЧНА МАНДАТОТ НА РАДМИЛА ШЕКЕРИНСКА КАКО ЗАМЕНИК ГЕНЕРАЛНА СЕКРЕТАРКА НА НАТО: Ажурирана е и страницата на Алијансата

ОФИЦИЈАЛНО ПОЧНА МАНДАТОТ НА РАДМИЛА ШЕКЕРИНСКА КАКО ЗАМЕНИК ГЕНЕРАЛНА СЕКРЕТАРКА НА НАТО: Ажурирана е и страницата на Алијансата

НЕКА ГО ИСПРАТАТ БАРАЊЕТО ЗА ЛИДЕРСКА КАКО ШТО ТРЕБА, ПА ЌЕ РАЗМИСЛИМЕ: Митева за барањето лидерска средба на Филипче

НЕКА ГО ИСПРАТАТ БАРАЊЕТО ЗА ЛИДЕРСКА КАКО ШТО ТРЕБА, ПА ЌЕ РАЗМИСЛИМЕ: Митева за барањето лидерска средба на Филипче