08 Декември, 2025
0.0385

ПОРАЧУВА ДА НЕ СЕ ОТКАЖУВАТЕ ОД ВАШИТЕ ЦЕЛИ: Пред две години му беа ампутирани нозете, виничанец сепак истрача маратон во Базел

Објавено во: Македонија 03 Декември, 2024 14:51

Добивај вести на Viber

Две години по ампутацијата на нозете, Златко Ѓоргиев направи вистински успех на маратонот во Базел. 

38-годишниот  Ѓоргиев од Виница, направи подвиг што инспирира. Тој успешно заврши маратонска трка во Базел, Швајцарија, откако пред неполни две години поради несреќа му е направена ампутација на двете нозе. Користејќи протези кои му овозможуваат да се движи, тој ги помина петте километри за 50 минути и 40 секунди, достигнувајќи ја целната линија на трката. 

Златко живее во Швајцарија, во кантонот Базел, каде што пред неколку години го доживеал трагичниот настан кој го промени неговиот живот. Во инцидентот на работното место, багер случајно му ги приклештил нозете, но брзата реакција на Итната помош и медицинската екипа го спасиле неговиот живот. Во интервју за МИА, Златко го раскажува патот на предизвиците, силата за рехабилитација и мотивите кои го водат напред.

„На 13 март минатата година, животот ми се промени целосно. Тоа не беше само мојот проблем, туку и на мојата сопруга и деца. Се наоѓав под камион, и иако реагирав, не можев да избегам. Благодарен сум што преживеав“, вели Ѓоргиев.

За него, рехабилитацијата беше многу повеќе од медицински процес. Во Швајцарија, Златко имал пристап до специјализирани центри за физикална и психолошка поддршка, кои му помогнале да го надмине периодот на опоравување. Со секојдневните активности како пешачење, возење автомобил, кошарка и планинарење, тој повторно ги живее активните денови, благодарејќи на напорите на здруженија и центри кои ги нудат адаптираните спортови.

„Овие 5 километри беа доказ за мене дека можам и ќе продолжам да се бордам, без оглед на промените во животот“, објаснува Златко.

Со пораката „Секој ден е нова можност за напредок“, Златко ја охрабрува јавноста да не се откажува, без разлика на тешкотиите.

„Не откажувајте се од вашите цели. Човечкото тело е како градина, а волјата е главниот градинар“, додаде тој.

Тој не ја изгубил надежта и ги советува и другите да го направат истото. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Давкова: Ако сме милостиви, тогаш зошто има толку суровост меѓу нас?

Давкова: Ако сме милостиви, тогаш зошто има толку суровост меѓу нас?

Доктор Беќаровски предупредува: Седењето е поопасно и од пушењето

Доктор Беќаровски предупредува: Седењето е поопасно и од пушењето

„НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ ОГРАДЕНИ КАМПОВИ, ТУКУ СТАНОВИ ЗА ОДБИЕНИТЕ АЗИЛАНТИ“: Професорот Трајковски со реакција за мигрантите

„НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ ОГРАДЕНИ КАМПОВИ, ТУКУ СТАНОВИ ЗА ОДБИЕНИТЕ АЗИЛАНТИ“: Професорот Трајковски со реакција за мигрантите

Левица: Томовски дели тендери на негови блиски фирми, ќе објавиме фотографии

Левица: Томовски дели тендери на негови блиски фирми, ќе објавиме фотографии

Томовски најави тужба за СДСМ: „Јака работа направиле, го нашле мојот број“

Томовски најави тужба за СДСМ: „Јака работа направиле, го нашле мојот број“

Пред Поликлиниката Ченто најден починат 44 годишен скопјанец

Пред Поликлиниката Ченто најден починат 44 годишен скопјанец

Ваботен во затворот Скопје фатил двајца затвореници со кокаин

Ваботен во затворот Скопје фатил двајца затвореници со кокаин

Арсовски до Кузеска: Подготвувам повеќе тужби, се надевам дека се поготвени да докажат на Суд

Арсовски до Кузеска: Подготвувам повеќе тужби, се надевам дека се поготвени да докажат на Суд

Им дала пари и накит за да и „тргнат магија“: Две жени измамиле жителка на кочанско село

Им дала пари и накит за да и „тргнат магија“: Две жени измамиле жителка на кочанско село