19 Декември, 2025
0.0530

Данела Арсовска: Зошто дојави за бомби има само за средни училишта од Скопје?

Објавено во: Македонија 22 Ноември, 2022 10:41

Добивај вести на Viber

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, денеска за прв пат изрази сомневање во редовните лажни дојави за бомби во средните училишта дека се таргетирани против раководството на градот.

Арсовска во емисијата „Студио 10“ на ТВ24 утрово рече дека симптоматично е тоа што дојавите се само за средни училишта, кои с епод надлежност на Град Скопје, и дека се само во главниот град.

„Дојави за бомби има само за скопските градски училишта. Гледаме што сакаат да направат и која е целта. Народот гледа, цени и суди и на крјаот нивен ќе бидепоследниот збор.

Би дозволила МВР да си ја работи својата работа, но лично сметам дека овие дојави се исклучивио во скопските средни училошта, кои се под Град Скопје, но нека цени јавноста за тоа кој е одговорен. Не би сакала да помислам дека некој има таков дијаболичен план. По се можете да посегнете, но по деца не смеете да посегнете“, рече Арсовска.

Таа додаде дека ќе соработува со власта за проектите кои треба Град Скопје да ги доврши, но рече дека нема да дозволи, како што вели таа, да биде понижена од некого.

„30 години ништо не се сменило во Македонија, политичките елити не испорачуваат и граѓаните гласаат против. Конструктивноста, компромисите се позитивни, но да понижите некого за да се прикажете како спасител, тоа не го дозволувам“, дополни Арсовска.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот