17 Декември, 2025
0.0536

Даноците ќе останат ниски, плаќањата редовни и ќе постигнеме економски раст од два отсто?!

Објавено во: Економија 12 Август, 2013 15:50

Добивај вести на Viber

Економијата во Македонија веќе има знаци на закрепнување, индустриското производство расте, градежништвото оди традиционално добро во текот на овие години, извозот e исто така позитивен. Сето ова, заедно со интензивирањето на реализацијата на неколку крупни капитални проекти до крајот на 2013-та финансирани во форма на јавни инвестиции, ќе помогне да се реализира предвидениот раст од најмалку два процента, оцени вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески кој вчера за државниот Јавен сервис напомена дека се очекува економијата и натаму да остане во позитивната зона. Според Ставрески, Буџетот во целина ќе ги сервисира сите свои обврски, со помали и поголеми проблеми. Со ликвидноста добро стои, нема ниту еден месец проблем со редовноста на исплатата. „Пензионерите ги добиваат пензиите првата недела во месецот и субвенциите се исплатија навреме, некои порано од вообичаено за да им се помогне на земјоделците да ги добијат средствата во текот на сезоната кога им се најпотребни. Редовни сме во плаќањата и по основ на поврат на ДДВ и по основ на плаќања на фактурите со фирмите со кои што работиме. Тие, пак, имаат свои подизведувачи, помали фирми со кои работат и така, тој ланец на ликвидност на пари што се пуштаат од буџетот се пренесува во стопанството и во економијата, тоа помага да се ублажат ефектите од европската криза“  потенцира министерот.

Една активна Влада, додаде, во вакви околности секогаш мора да размислува како да му помага на стопанството.

„Ние, пред се, ќе опстоиме на политиката да не ги зголемуваме даноците што е значајно, повторувам, бидејќи сите овие земји што претходно ги спомнав и многу други европски земји најлесното што им е на располагање, да ги зголемат даноците, да го префрлат товарот на стопанството и на граѓаните, го направија. Кај нас ќе останат ниски даноците, редовно ќе се вршат плаќањата, но ќе има и дополнителни мерки онака како што дозволуваат условите во буџетот или како што има можност одредена работа да се реализира“, рече вицепремиерот.

Македонија, посочи, релативно подобро се справува со предизвиците од другите земји.

Тој оцени дека домаќинско работење и помогна на државата да изнајде решенија во однос на последиците од кризата.

За следниот период, соопшти, се размислува за мерки што ќе помогнат и во делот на ликвидноста и во делот на финансиската дисциплина посебно во дисциплината меѓу наплаќањата на обврските и од буџетот кон стопанството, но и меѓу стопанството, со цел да се заштитат подобро оние фирми што се кредитори, односно фирмите кои должат поредовно да им ги плаќаат обврските на фирмите кои што побаруваат.

Можеби ќе ве интересира

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас