Данок на наследство во Швајцарија: Референдум што би можел да ги промени правилата
Објавено во: Економија 29 Ноември, 2025 13:16
Швајцарија наскоро ќе одлучи дали да воведе нов данок на наследство. Оваа мерка предизвика дебати, иако шансите за нејзино усвојување се многу мали. Референдумот ќе се одржи на 30 ноември, а предлогот предизвика силни реакции кај гласачите, претприемачите и меѓународните набљудувачи.
Радикална иницијатива на млади социјалдемократи
Иницијативата ја покрена младинската организација на Социјалдемократската партија, Jeunesse Socialiste. Нивниот предлог предвидува данок од 50 oтсто на наследство над 50 милиони франци. Според анкетите, 75 отсто од гласачите планираат да ја отфрлат иницијативата. Ова е значително зголемување во споредба со октомври, кога 67 отсто од испитаниците ја отфрлија оваа мерка.
Поддржувачите тврдат дека е време за пофер систем. Противниците предупредуваат дека мерката може да го оштети имиџот на Швајцарија како даночен рај и да го поттикне заминувањето на богатите инвеститори.
Климатската политика во фокусот
Името на иницијативата е „За социјално и фискално праведна климатска политика“. Според предлагачите, собраните приходи треба да одат во проекти поврзани со климатските промени.
„Жунес Социјалистичка“ нагласува дека Швајцарија не прави доволно за заштита на климата. Тие веруваат дека најбогатите, како најголеми потрошувачи на ресурси, треба да придонесат повеќе за зелената транзиција.
Како би функционирал данокот?
Доколку предлогот помине, тој би требало да биде одобрен од мнозинството гласачи и од мнозинството од 26-те кантони. Швајцарија ретко воведува фискални мерки на федерално ниво, па затоа оваа иницијатива ја нарушува традиционалната кантонска автономија во оданочувањето. Токму ова е еден од клучните аргументи на противниците.
Стравови на претприемачите и семејните компании
Најголемиот отпор доаѓа од малите и средните претприемачи. Организацијата Swissmem предупредува дека данокот може да доведе до „експропријација на семејните фирми“. Многу семејни компании работат со генерации, вработуваат илјадници луѓе и претставуваат важен столб на швајцарската економија.
Истражувачката Изабел Мартинез потсетува дека слична иницијатива не успеала во 2015 година. Тогаш данокот бил помал, но повторно 71 отсто од гласачите гласале против него, поради страв од влијание врз секторот на мали и средни претпријатија.
Ниска популарност на данокот на наследство во светот
Даноците на наследство ретко уживаат поддршка од гласачите. Иако помагаат во намалувањето на нееднаквоста, нивниот фискален придонес е ограничен.
Во 2023 година, овие даноци учествуваа само со 0,41 отсто во даночните приходи на ОЕЦД.
Ова е причината зошто многу влади се двоумат да ги воведат - тие се политички ризични и финансиски скромни.
Влијание врз имиџот на Швајцарија како финансиски центар
Швајцарија е позната по својата стабилност и привлечност за најбогатите.
Според „Делоит“, земјата е дом на 2,2 трилиони долари меѓународни средства. Сепак, конкурентите како Сингапур и Обединетото Кралство добиваат на предност.
Некои советници тврдат дека некои богати луѓе го одложиле преселувањето во Швајцарија поради неизвесноста околу референдумот.
Што значи данокот на наследство во Швајцарија?
Швајцарија треба да донесе важна одлука. Иако гласачите веројатно ќе го отфрлат данокот на наследство, дебатата покрена голем број прашања - за климатската политика, даночната праведност и заштитата на семејните бизниси.
Дали референдумот ќе ја промени земјата или само ќе го потврди постојниот систем, ќе покаже резултатот од гласањето, заклучува Форбс БиХ.
foto freepik.com
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември
Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен
Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените
Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава
Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања
Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации
Инженери на РМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече наплатата од 200 денари за пристап до мрежа, како што вети





