18 Декември, 2025
0.0637

ДАНОКОТ ЗА ТЕМУ ЈА КРЕНА ЈАВНОСТА НА НОЗЕ: Идејата за оданочувањето не му се допадна на народот

Објавено во: Економија 10 Октомври, 2025 09:40

Добивај вести на Viber

Лавина реакции се појавија во јавноста, откако Владата го достави до Собранието Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ДДВ, со кој се укинува ослободувањето од плаќање ДДВ при увоз на мали пратки до 22 евра, испорачани од странство кон домашни примачи.

За граѓаните кои изминатиот период „се навлекоа“ на онлајн купувањата од Тему, тоа е навистина удар за народот кој од Тему нарачува производи по значително поевтини цени. 

„Ни загаден воздух, ни депонии, ни несобрано ѓубре, ни ненормална корупција и криминал не го обедини народот против власта како што тоа му успеа на данокот на Тему. Сите пред влада и собрание! УРА!!!“, се вели во една реакција.

„Значи пратките од Тему и Али сега ке ни ги поскапат. Тоа значи дека ке се иде во пошта да си доплатиш и да си ја подигнеш пратката! Плус додај некои 10 дена дополнително за достава! Да не праиме муабет за PayPal, Wize, Revolt и други сервиси за плаќање и примање на пари! Бевме и ќе си останеме затуцани до максимум!“, напиша еден корисник на социјалните мрежи.

„До Тему ли дојде? Воздух токсичен, сообраќаен хаос, сиромаштија, скапотија, а тие Тему ќе ни го оданочуваат. Ма браво!“, вели друг коментар.

Со реакција се огласи и професорката Мирјана Најчевска. За неа ова е удар врз сиромашните граѓани. 

„Едно мора да им признаам на ДПМНЕ. Тие се максимално доследни во одземањето од сиромашните и давање на богатите. Ниту една мерка која ја преземаат не е спротивна на овој базичен принцип. А она што е најтрагично токму масата сиромашни ги гласаат и се пенават во националистички делириум“, напиша таа.



Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје