Данска ги сели емигрантите со криминално досие на пуст остров за изучување свински грип
Објавено во: Свет 20 Декември, 2018
Мигрантите дојдени во Данска кои имаат криминални досиеја треба да бидат изолирани на остров што претходно се користел за научни експерименти.
Островот Линдхолм бил користен како лабораторија за проучување на заразни болести и согорување на заразен добиток.
Данската влада обезбеди и буџет со кој мигрантите со полициско досие ќе ги испрати до ненаселениот остров каде што ќе чекаат депортација, додека други остануваат на неодредено време поради ситуацијата во своите земји, односно ќе чекаат помирни времиња во своите земји бидејќи е проценето дека таму може да бидат убиени или измачувани.
Планот беше критикуван од комесар на ОН за човекови права, како и од градоначалникот на општината под која подпаѓа островот, а некои во Данска дека таквата одлука се смета за зајакнување на антиемиграциската политика.
Владата има намера да испрати на островот за почеток стотина луѓе.
Островот Линдхолм беше искористен како лабораторија за проучување на свински грип, беснило и други заразни болести, како и за согорување на заразени животни. Ферибродот на островот се вика „Вирус“, објавија данските медиуми.
По бранот на баратели на азил во 2015 година, истиот доведе до воведување на контрола на копнените граници, Данска донесе стотици законски измени со кои се ограничува правата на мигрантите.