ДАНСКА ЗА ПРИМЕР: Маратонско најсилно вработување
Објавено во: Економија 26 Мај, 2016 17:00
Во Европската унија во четрвртиот квартал на минатата година 3,5 милиони луѓе или 17,7 одсто невработени луѓе пронашле работа, според податоците на Евростат.
Од сите невработени граѓани на Европската унија во третиот квартал на минатата година, 64 одсто од нив или 12,5 милиони лица останале невработени и во четвртиот квартал, 17,7 одсто или 3,5 милиони се вработиле, додека 18,4 одсто или 3,4 милиони преминале во статус на економски неактивно население, се наведува во извештајот објавен на сајтот на Евростат.
Од луѓето кои во третиот квартал се регистрирани како вработени, 95,8 одсто од нив или 169,7 милиони во четвртиот квартал останале вработени, 1,7 одсто или три милиони останале без работа , а 2,5 одсто или 4,4 милиони преминале во еконосмки неактивно население.
Извештајот се темели на анкета на работната сила на ЕУ и не ги вклучува податоците за Германија и Белгија со кои европската статистичка служба не располагала.
Меѓу 26 земји членки со чии податоци за четвртото тромесечие на 2015 Евростат располагал, Данска повторно е во предност по најсилно темпо на вработување.
Така секој трет невработен во таа земја, или дури 32,8 одсто од нив-напле работа во последните три месеци минатата година
Следи Шведска, каде работа нашле 29,2 одсто невработени, па Австрија со удел од 27,4 одсто.
Можеби ќе ве интересира
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје




