23 Ноември, 2024
0.1264

Дарко посака некоја Нова година стигмата и осудите за луѓето со ХИВ „магично да исчезнат“: За Фактор ја раскажа неговата приказна

Објавено во: Македонија 29 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Стравот, незнаењето и што ќе каже светот – ова се три клучни карактеристики на мнозинството кои водат до стигматизирање и страдање на други луѓе, а во нашата приказна, конкретно на луѓето кои живеат со ХИВ вирусот.

Иако многу почесто во изминатите години, но неретки се случаите и сега, луѓето со ХИВ губат работа, го губат правото да ги гледаат децата, ги губат партнерите, сопругот или сопругата. Некои се избркани од домовите, отфрлени од родителите или децата. Стигмата од страна на луѓето кон оние кои ја имаат инфекцијата е најсилна во годините веднаш по појавата на болеста, но за разлика од високоразбиените земји каде интензивно се работи на подигнувањето на свеста за тоа што воопшто значи ХИВ-инфекција и првенствено како се пренесува, менатлитетот на луѓето во нашата земја и во 21 век останува на најниско ниво.

Нашата приказна говори за Дарко, (вистинскиот идентитет и е познат на редакцијата Фактор токму заради осудата од страна на останатите и покажувањето со прст), млад човек кој три години живее со инфекцијата. Одлучи да раскаже на какви проблеми наидува тој, но и останатите кои живеат со инфекцијата и искрено се надева и посакува дека некоја наредна Нова година, можеби стигмата кон нив „магично ќе исчезне“. Вели дека најважно е постојано да се говори за овој проблем, а не само во декември, месецот на борба против ХИВ.

-Сега живеам сосема нормално, работам, се дружам, и секако се лекувам како и многу други со ХИВ инфекција. Но, почетокот, соочувањето со фактот дека сум заразен со вирусот за мене беше вистински шок. Тоа беа моменти на една страшна вознемиреност, состојба на паника која буквално ме јадеше во првите неколку месеци. Бев лут на партнерот од кого се заразив, но пред се бев лут на себе, зошто секој самиот е одговорен за сопственото здравје, а ХИВ-инфекцијата е болест која е практично дел од животот на геј популацијата, искрено посочува Дарко.

Стравот го чувствувал со месеци, и како што вели, му требало подолг период „да си дојде на себе“.

-Инфекцијата ја потврдив прво со брзи тестови откако подолг период бев болен, односно имав симптоми на многу јак грип токму во овие месеци, ноември-декември. Претпоставував дека сум инфициран и брзите тестови покажаа дека сум позитивен а потоа бев и на Клиниката за инфективни болести. Таму имаме неверојатна поддршка од целиот тим. Како поминуваше времето, така ми стана сосема јасно дека во денешно време ХИВ е како и секоја друга хорнична болест. Со редовна терапија, за која е најважно да се зема во многу точно време, инфицираните со ХИВ се недектибилни, односно, вирусот станува недектибилен, а тоа значи дека не го пренесуваме вирусот. Најважно е да се одржи таа недектибилен статус, а тоа се постигнува единствено со антретровирусната терапија која мораме да ја земаме секогаш на време. Јас цврсто се придржувам до сите совети и препораки од лекарите и можам да кажам дека имам навистина квалитетен живот, вели Дарко.

Но, секакогаш постои едно НО, кое кажува многу, вели Дарко продолжувајќи да раскажува за негвиот живот.

-Стигмата кон инфицираните со ХИВ-инфекција во Македонија постои заради недоволна информираност, тоа е основно за градењето менталитет во една средина. Вестите кај нас многу брзо се шират, бидејќи секој е заинтересиран за животот на другиот, а не за сопствениот живот. Први сме да судиме за другиот, не гледајќи се самиот себе. Луѓето во Македонија се заглавени во 80-тите години кога сидата беше „најстрашна“ и неизлечива болест од која се умираше. Заради ваквите прилики во средината чувствувам огромен товар. За мојата состојба не знае никој, ниту на работа, ниту родителите иако во битието на човекот е да споделува за да може проблемите да се надминат полесно. А верувајте, со терапијата што редовно си ја земам, дури и заборавам дека сум инфициран. Ви велам, ХИВ сега е како и секое друго хронично заболување, на пример дијабетес. Освен тоа, моите родители исто така не знаат дека сум геј, можеби чувствуваат, но ниту за ова не говориме отворено, вели Дарко.

Неинформираноста на луѓето за ХИВ-инфекција, како што потенцира во разговорот, некако и ќе ја прифати, пред се заради степенот на образованието.

-Огромен е бројот на неинформиран народ кај нас, за жал, а тоа придонесува во голема мера да се осуди оној кој се заразил и да се покажува со прст, како да е тоа најголемото злосторство на светот. Но, постои една непријатна ситуација која секогаш ќе ја памтам. Мене не сакаше да ме прегледа лекар затоа што имам ХИВ, а знам и случаи кога инфициран со вирусот, заради сосема друга болест, операција, скршеница и така натаму морал да биде хоспитализиран, па лекарите освен што ставале по неколку пара ракавици, носеле скафандери, пациентите со ХИВ биле обележани на креветот. Тоа навистина е недозволиво. Ценам дека лекарите кај нас барем треба да знаат како се пренесува вирусот, а не тие да бидат први кои ќе стигматизираат, вели Дарко.

За среќа не сме оставени сами на себе, вели Дарко и нагласува дека најголемата психолошка поддршка и совети ги добиваат од Клиниката за Инфективни болести каде задолжително одат на контрола на секои шест месеци.

Посакува стигмата и дискриминацијата поврзани со ХИВ кои истовремено се најголемите пречки за спречување на ширењето на вирусот, а произлегуваат како резултат на неинформираност и разни митови за пренесување на вирусот, во некоја Нова година „магично да исчезнат.

-Тоа сигурно нема да се случи во 2023 година, но искрено верувам дека е можно во некоја од наредните. Би бил пресреќен, вели Дарко.

Анита Буховски



* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР