03 Декември, 2024
0.0523

Даунов Синдром – Што претставува, Карактеристики и Типови

Објавено во: Мои пари 21 Март, 2015

Добивај вести на Viber

За една личност нормално да расте и да се развива неопходна е постојаноста на хромозомскиот број. Секаков вид аберации на хромозомскиот број (намалување или зголемување) доведува до промени во генотипот што предизвикува и промени на фенотипско ниво.

Што претставува овој синдром?

Down-овиот синдром е медицинска состојба која се манифестира како хромозомска абнормалност. Името го добива по Британскиот доктор John Langdon Down, кој прецизно ги опишува карактеристиките на овој синдром во 1866 година. Поради тоа што физичките карактеристики на луѓето со овој синдром биле слични со жителите на Монголија, го употребувал терминот “mongoloid” што денес се однесува на Down-овиот синдром. Jerome Lejeune подоцна во 1959 година открива дека синдромот е резултат на хромозомски абнормалности.

Типови на Дауновиот синдром

Постојат 3 типа на Down-ов синдром: трисомија 21, мозаицизам и Робертсонови транслокации.

Трисомија 21

Таа е најчестиот причинител за на Down-ов синдром со 95%. Настанува со неразделувањето на хромозомите во текот на мејозата, кога парот на 21 хромозом не се одвојува за време на формирањето на јајце клетката (или сперматозоидот). Кога таа јајце клетка со нераздвоен пар на 21 хромозом се обединува со нормален спрематозоид за да се формира ембрион, ембрионот завршува со три копии на хромозомот 21, наместо со нормалниот број на две копии. Не се знае што предизвикува присуство на екстра хромозомот 21. Тоа може да дојде или од мајката или таткото, но ваквото нераздвојување на хромозомите за време на мејотичната делба се појавува почесто кај постарите жени. Не постои начин на предвидување дали еден од родителите е поверојатно да произведат јајце клетка или сперматозоид со 24 хромозоми. Екстра хромозомот е потоа копиран во секоја клетка на телото на бебето. Со таа екстра копија од хромозомот, секој ген може да произведува повеќе протеини од вообичаениот нормален број. Сепак, производството на премногу протеини исто така, може да има сериозни последици, како што се гледа во Down-ов синдром.

Мозаицизам

Се јавува кај околу 1-2% од сите луѓе со на Down-ов синдром. Во овој тип доаѓа до грешка во поделбата на 21 хромозом, што се случува во една од првите делби по оплодувањето. Ова предизвикува фетусот да има некои клетки со 46 хромозоми, а некои со 47 хромозоми(екстра копија на 21 хромозом).

Робертсонови транслокации

Ретко предизвикуваат појава на Down-ов синдром (3-4%). Настануваат како резултат на реципрочната транслокација помеѓу два акроцентрични хромозоми. Дел од 21 хромозом се откинува (во близина на центромерот) кој се спојува со друг хромозом - најчесто е 14-от хромозом. Овој тип Down-ов синдром предизвикува сите клетки во телото да имаат екстра дел од 21 хромозом. Носителот на транслоцираниот хромозом е здрава индивидуа, која го пренесува на следните генерации кои ќе имаат Down-ов синдром.

Карактеристики

Некои физички карактеристики кои се јавуваат кај лица со Down-ов синдром:

Хипотонија (намален мускулниот тонус)

Вишок кожа на вратот

Рамен профил на лицето

Бели дамки на обоениот дел на окото (Brushfield spots)

Закосен очен капак

Широк корен на носот

Мала уста што го прави јазикот да изгледа малку голем

Мали уши

Широки, кратки раце со кратки прсти

Бразда на дланката

Голем простор меѓу првиот и вториот прст на нозете (sandal gap)

Подпросечна тежина и должина на раѓање

Здравствени проблеми

Постојат одредени здравствени проблеми, кои се јавуваат почесто кај лицата со Down-ов синдром:

Значителен број на луѓе со Down-ов синдром имаат проблеми со слухоти видот

Нарушување на тироидната жлезда

Слаб имунолошки систем

Респираторни проблеми, кашлање и настинка

Факти за Down-овиот синдром:

Down-овиот синдром не е болест, тоа е хромозомска состојба.

Down-ов синдром е најчеста причина на човековите дефекти при раѓањето.

Во поголемиот број случаеви, Down-овиот синдром не е наследна особина.

Денес е светскиот ден на лицата со Даунов синдром

(Извор: доктори.мк)

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Месец на подароци и празнични понуди за Телеком корисниците

Месец на подароци и празнични понуди за Телеком корисниците

НЛБ Банка со празнична понуда за потрошувачки кредити со фиксна каматна стапка од 5,3 отсто

НЛБ Банка со празнична понуда за потрошувачки кредити со фиксна каматна стапка од 5,3 отсто

ЕДИНСТВЕНО ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ – ТРЕТМАН НА БЕНИГНА ХИПЕРПЛАЗИЈА НА ПРОСТАТА СО REZŪM™ WATER VAPOR THERAPY

ЕДИНСТВЕНО ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ – ТРЕТМАН НА БЕНИГНА ХИПЕРПЛАЗИЈА НА ПРОСТАТА СО REZŪM™ WATER VAPOR THERAPY

A1 Македонија посакува среќна нова година со атрактивна празнична понуда за сите

A1 Македонија посакува среќна нова година со атрактивна празнична понуда за сите

Shelf Help – Нова едиција со книги за самопомош во издание на „Арс Ламина“

Shelf Help – Нова едиција со книги за самопомош во издание на „Арс Ламина“

Компанија во Македонија со уникатна понуда за вработените: Бонус за добредојде до 1.000 евра!

Компанија во Македонија со уникатна понуда за вработените: Бонус за добредојде до 1.000 евра!

Традиционална донаторска акција во Веро: Заокружи сметка за весели празници на децата од СОС Детско село

Традиционална донаторска акција во Веро: Заокружи сметка за весели празници на децата од СОС Детско село

„100% Заљубени во Sunday“ нова кампања за колачиња и десерти на Македонскиот бренд

„100% Заљубени во Sunday“ нова кампања за колачиња и десерти на Македонскиот бренд

ОКТА донираше фотоволтаична централа на градинка во Гевгелија

ОКТА донираше фотоволтаична централа на градинка во Гевгелија