18 Декември, 2025
0.0631

„ДАВААТ БЕСПЛАТНИ ПРЕГЛЕДИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ПУСТЕЦ ДА СЕ ИЗЈАСНАТ КАКО БУГАРИ“: Жестоки обвинувања од Македонското друштво “Илинден“ - Тирана кон Бугарија

Објавено во: Македонија 28 Септември, 2025 12:22

Добивај вести на Viber

Македонското друштво “Илинден“-Тирана најостро ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа.

„На 26 септември 2025 се направени прегледи од страна на бугарски лекари и во самите слики се гледа бугарското знаме во државна амбуланта во Пустец ова е преседан бидејќи е државна институција каде живее Македонско население призната од албанска држава. Секому е јасно дека бугарската држава со години врши невиден притисок врз македонците во Република Албанија“, стои во соопштението.

Од таму обвинуваат дека акцијата за бесплатни прегледи е „мамка“ за населението во Преспа, за да се изјаснат како Бугари.

„И на Македонците низ цела Република Албанија им е јасно дека акцијата за бесплатни прегледи треба да биде дополнителна мамка за населението во областа Преспа за негово изјаснување како Бугари. Македонското друштво “Илинден“-Тирана изразува жалење што највисоките личности на албанската држава дозволуваат да бидат уценувани од бугарските политички лица за сметка на македонците во Република Албанија и што потклекнуваат пред тие уцени. При тоа, цената на уцените од Софија, врз политичкиот врв на нашата држава ја плаќа македонското население. Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги повикува албанските и европските институции, да се позанимаваат со суровото и бескрупулозно нафрлање на бугарските емисари врз македонците во Република Албанија. Напоменуваме, дека досегашното нереагирање од страна на државните институции за заштита на сопствените државјани, доведе до крајно дрски и насилнички атаци врз Македонците во Република Албанија“, стои во соопштението, потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија