19 Декември, 2025
0.0455

ДАВАЛЕ ДОЗВОЛИ ЗА ПРЕСТОЈ ЗА ПАРИ И ПОКРАЈ НЕГАТИВНИТЕ БЕЗБЕДНОСНИ ПРОЦЕНКИ НА АНБ: Обвинителство гони осум лица, од кои шест полицајци

Објавено во: Македонија 21 Август, 2025 10:49

Добивај вести на Viber

Шест полицајци и две други лица се гонат за повеќе дела, објави Државното Јавно обвинителство. Имено Обвинителство преку Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе обвинителен акт против осум лица, од кои шест се полициски службеници. 

Обвинението инаку се однесува на сериозни злоупотреби на службената положба, противзаконито посредување и примање поткуп, со цел овозможување незаконски престој и прибавување дозволи за привремен престој на странски државјани.

- Според обезбедените докази, првообвинетиот заедно со две лица, за кои истражната постапка е во прекин, сториле кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“. Тие, користејќи свое влијание врз двајца полициски службеници, овозможиле на турски државјанин незаконски престој во државата и добивање дозвола за привремен престој, за што примиле награда од 900 евра. 

Дополнително, полициски службеник од Граничниот премин Долно Блаце е обвинет за „Примање поткуп“, откако од турски државјанин примил парични средства во износ од 3.000 денари за да изврши службено дејствие што не смеел да го изврши. Во давањето на поткупот посредувале тројца полициски службеници и едно непознато лице, при што со патна исправа на странскиот државјанин е извршен фиктивен влез во државата, како услов за отпочнување на постапка за престој - се наведува во објавата на Обвинителство. 

Потоа додаваат дека на сличен начин, друг турски државјанин со незаконски престој бил изведен од државата без да биде евидентиран во системот за контрола и без да му биде наплатена законска глоба, со што е нанесена штета на Буџетот на РСМ.

- Во обвинението е опфатен и виш инспектор за странци и реадмисија, кој од јули минатата година до април годинава, постапувајќи несовесно, овозможил на седум државјани од Бангладеш и Непал да добијат привремен престој, иако постоеле негативни безбедносни проценки од АНБ. Тој постапил спротивно на Законот за странци и донел решенија за престој заради работа.

Истражната постапка беше започната во мај годинава кога 11 лица беа лишени од слобода, а две лица беа недостапни на органите на прогонот. Во меѓувреме против едно лице е донесена Наредба за запирање на истражната постапка, а за две лица е донесено Решение за отфрлање на кривичната пријава. Едно од лицата недостапни на органите на прогонот е обезбедено и се наоѓа во екстрадиционен притвор во Р. Србија, а по другиот е активна меѓународна потерница - се појаснува во соопштението на ЈО. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот