19 Декември, 2025
0.0315

Давос 2013: Американскиот сон бледа илузија- богатите имаат се, останатите се борат да преживеат!

Објавено во: Свет 26 Јануари, 2013 02:24

Добивај вести на Viber

Најбогатите 1% од Американците држат 25% од богатството на земјата и поради оваа причина Владата мора да стори чекор напред кон поправичната распределба на приходите, изјави носителот на Нобеловата награда за економија Џозеф Стиглиц на Светскиот економски форум  во Давос, пренесе БиБиСи. Според Стиглиц до ваквата состојба дојде откако од 1980 година богатството на најбогатите 1% од Американците станаа двојно поголемо. Тој истакнува дека во исто време просечниот приход во САД останува на нивото од почетокот на 90-тите години. Притоа, во Давос Стиглиц ја пофали политиката на распределба на приходите во Бразил и во скандинавските земји. Тој повика на обезбедување повеќе можности за добро образование меѓу "најсиромашните 50%" од Американците, зголемување на минималната плата и на преговорите за подобри колективни договори од страна на синдикатите. „Америка сака да се гледа себеси како земја на еднаквоста и отворни можности. Американскиот сон е многу длабоко вкоренет во нашето чувство на припадност ", подвлече Стиглиц. „Статистичките податоци сепак ни зборуваат поинаку. Индексот на можностите во САД е најнизок меѓу развиените земји. Шансите на едно дете зависат од приходите на родителите во поголема мера отколку во повеќето други развиени економии ", додава тој. Стиглиц го пофали Бразил, каде според него, надпартиските напори на политичарите во последните 20 година доведоа до нагло намалување на нееднаквоста. Во меѓувреме Стиглиц нагласува дека скандинавските земји остануваат општествата со најправедна распределба на приходите во светот.

Можеби ќе ве интересира

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците