Добивај вести на Viber
Дебатата околу монетарната политика на централните банки се продлабочи откако Јапонија ги отфрли обвинувањата дека се обидува да ја заживее економијата на сметка на трговските партнери, пишува Фајненшл Тајмс.
Истакнувајќи јдека лабавата монетарна политика на Јапонската централна банка и сличните активности на други централни банки, Аксел Вебер, поранешен претседател на Бундесбанк и актуелен претседател на „UBS“, предупреди дека се пошироката примена на практиката позната како инфузија на ликвидност, почнува да станува опасна.
Во изјавата за Светскиот економски форум во Давос, Вебер истакна дека сегашната генерација живее на сметка на следните генерации, бидејќи монетарната политика ги охрабрува луѓето да продолжат да консумираат - што е можно повеќе.
„Се обидуваме да одржуваме одредена економска брзина која сама по себе е неодржлива", изјави тој.
Дебатата дали монетарната политика може да помогне во реконструкцијата на растот или понатамошните чекори во таа насока ќе имаат негативен ефект, повторно оживеа кога Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја намали прогнозата за темпото на глобалното закрепнување.
Коментарите на Вебер ги рефлектираат сличните вакви стравови на Кина и на централните банки на Германија и Велика Британија. Стравувањата дека монетарна политика на Токио има за цел да го ослабне јенот, што може да доведе до низа мерки од другите централни банки како одговор, кои исто така сакаат да го забрзаат растот преку посилен извоз.
Кинеската државна новинска агенција Ксинхуа коментира дека одлуката на Јапонија да го интензивирана печатењето на пари е опасна и дека може да доведе до „валутна војна".
Во меѓувреме, претседателот на „Bundesbank“ Јенс Вадман ја опиша политиката на новата јапонска влада како "аларм за интервенција" во независноста на централната банка, која може да доведе до "политизација на девизните курсеви".
Германија профитира од слабото евро и не е во позиција да критикува, коментира јапонскиот министер за економија.
Гувернерот на Израелската централна банка (ИЦБ) Стенли Фишер изјави дека централните банки се уште се во добра позиција за совладаат евентуална инфлација или други негативни последици од разлабавената монетарна политика.
„Централните банки имаат капацитет да интервенираат - тие можат да ги продадат многу средства, без ја да губат својата способност да влијаат на каматните стапки", изјави Фишер за време на Светскиот економски форум во Давос.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.