18 Декември, 2025
0.0471

Дебар Маало Тајмс – Прв градски весник од утре низ дебармаалските локали

Објавено во: Мои пари 20 Октомври, 2014 16:10

Добивај вести на Viber

Од утре, 21.10.2014, излегува првиот број на новиот месечен весник – Дебар Маало Тајмс. Весникот е првиот урбан медиум во Македонија, кој ќе биде водич низ сентиментот и носталгијата на срцето и душата на градот – Дебар Маало. Тој истовремено и ќе информира за новостите и настаните кои во ова маало се случуваат денес и ќе преставува градско четиво за сите дебармаалски, и не само дебармаалски генерации.

Овој месечник ќе воведе во градскиот имиџ, дебармаалксите вкусови и мириси, боемијата, културата и подзаборавените вистински вредности на животот, преку легендарните ликови на Скопје. Дебар Маало Тајмс е единствениот весник кој е ослободен од фрустрацијата наречена политика и „големите теми“ на секојдневието; тој има за цел да биде весел, да релаксира и на духовит и оригинален начин на голема врата да го донесе она што недостасува, а тоа е доброто расположение. Неговата идеја е да го отслика оној вистински дебармаалски шарм и дух, да ги раскаже автентичните приказни на ова маало и да ја пренесе традицијата и историјата која овде со децении се пишува.

Основачи на Дебар Маало Тајмс се ортодоксните дебармаалци Зоран Блажевски (или Зоки Малиот – Џубокс) и Милан Банов – Карамба, кој истовремено е и главен уредник на весникот.

Весникот е бесплатен, а ќе го пронајдете на масите во сите дебармаалски кафеани, меани, гостилници, ресторани, хотели, таверни, пицерии, кафулиња, клубови и практично насекаде каде вее духот на Дебар Маало.

Можеби ќе ве интересира

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“