Дебата Клик Плус: Ќе одиме напред со програмата на Заев или ќе заглавиме во политичка криза во недоглед?
Објавено во: Македонија 11 Март, 2017 16:00
Во вчерашната дебата на Клик Плус една од главните теми беше понудената владина програма која ја предложи лидерот на СДСМ Зоран Заев, а во истата се вклопени и елементи од потенцијалните коалициони партнери. Иако беше посочено дека нема промена на Уставот, ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Иванов и натаму се против Заев да го добие мандатот за состав на влада.
„Не смееме да живееме во гетозирана Македонија. Заев кажа дека Уставот нема да се смени тогаш зошто луѓето протестираат и после објавувањето на програмата?!. Како што Груевски на времето побара шанса и ја презема власта зошто сега да не се даде шанса за нешто ново", потенцираше екс градоначалникот на Скопје Трифун Костовски.
„80% од кампањата на ВМРО-ДПМНЕ беше за двојазичност и кантонизација и како Заев сака да ја дели Македонија. Ние имаме Закон за јазици изгласан 2008 и негово дополнување, со дополнување или проширување на Законот нема и не се менува Уставот“, изјави градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски.
„Промоторите на таа “Тиранска платформа“ прават гафови со кои можат пред јавноста се разоткријат што всушност им е намерата. Ако не беше платформата СДСМ сигурно ќе имаше поддршка од сите кои што се критичари“, изјави Владимир Голубовски од ВМРО НП.
Во продолжение погледнете го целото издание на вчерашната ТВ дебата на Клик Плус.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




