19 Декември, 2025
0.0778

Деца-правобранители се обучуваа во Струга

Објавено во: Мои пари 02 Март, 2014 13:41

Добивај вести на Viber

Коалиција на невладини организации СЕГА од 27 феб – 02 март во рамките на проектот „Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија“ втора година по ред оргазнизира во Струга обука за 15 деца-правобранители од 5 основни училишта од Прилеп, Тетово, Дебар, Куманово и Кавадарци. Обуката има за цел да ги едуцира децата правобранители за Конвенцијата на Обединетите Нации за правата на детето (UNCHC) и да се утврдат начините на соработка, како и функционирање со Народниот правобранител задолжен за детските права. Истовремено преку оваа обука, децата правобранители ќе се стекнат и со знаења како да ги едуцираат своите врсници за пријавување на прекршување на детските права во нивните училишта. Моделот на дете правобранител кој функционира во 10 основни училишта во Македонија е единствен во Југоисточна Европа и претставува одлична институционална алатка за пренесување на Конвенцијата на Обединетите Нации за заштита на детските права, како и за заштита на детските права во училиштатата. “Активностите кои ги спроведува Коалицијата СЕГА се со цел да се унапреди и видно да се подобри положбата на децата во училиштето и да се укаже на поголема грижа за нив од страна на возрасните. Преку ваквите обуки сакаме да ги едуцираме децата за нивните права кои ги имаат и да придонесеме кон остварување на тие права во училиштата“, вели Зоран Илиески, извршен менаџер на Коалицијата СЕГА. Во 1993 Република Македонија ја ратификуваше Конвенцијата за правата на детето и со тоа се обврза да направи напори за успешно спроведување на обврските од истата, а во 2002 година Р.Македонија стана и потписник на Конвенцијата за забрана и за елиминација на најлошите видови на детски труд донесена од страна на Меѓународната организација на трудот во која беа потенцирани најлошите видови на детски труд и обврските за државите потписнички што треба да ги преземат за спречување на злоупотреба на детскиот труд Овие активности се спроведуваат во рамките на проектот „Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија“, финансиран од Детската Фондација Песталоци. Коалицијата на младински организации СЕГА е формирана во 2004 година со цел да придонесе кон процесот на креирање и имплементација на Националната стратегија за млади на Р.Македонија и да помогне во исполнување на потребите на младите. Коалицијата ја сочинуваат 22 членки.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии