ДЕЦАТА ДО 10 ГОДИНИ ВО ШКОЛО, ПОГОЛЕМИТЕ ПРЕД КОМПЈУТЕР: Ова е еден од моделите, но нема заклучоци од денешниот состанок
Објавено во: Македонија 10 Август, 2020 14:45
На средбата меѓу
претставниците од Министерството за образование и наука и Комисијата за заразни
болести се водела долга дискусија околу моментално најактуелнта тема која се
однесува на точно 23.000 ученици, нивните
родители и сите просветни работници.
Од Комисијата за заразни болести за Фактор велат дека станува збор за комплициран процес и воопшто не е лесно да се пресече наеднаш, без да се договорат сите поединости.
-Крајниот збор ќе го има Министерството за образование и наука, а ние сме тука за здрасвтвените мерки и протоколи. Станува збор за комплексна работа. Во рашање се 23.000 ученици. За многу модели досега разговаравме, а еден од нив, кој мене лично и ми се допаѓа е учениците до 10 години да одат во училиште, а од погорните одделенија да имаат онлајн настава. Ако повозрасните ученици би биле дома, ќе има повеќе просторни можности за помалите, но ќе видиме, се уште е рано за одлуки, вели д-р. Александар Стојанов, член на Комисијата за заразни болести.
Истовремено појаснува дека остануваат многу работи да се додефинираат, напоменувајќи дека доколку се разболе некое дете, во тој случај цел клас би требало да оди во изолација цели две недели заедно со наставникот и ред други поединости.
-Утре повторно ќе седнеме да дискутираме. Можам да кажам дека има многу поделени мислења околу стартот на учебната година. Дел од родителите не се за настава со физичко присуство, додека дел пак крајно се противат ако наставата биде преку компјутер. Остануваат многу отворени прашања. Колку одговори дадовме, толку нови прашања добивме, се надевам искрено дека ќе успееме да го најдеме најдоброто решение, вели д-р. Стојанов.
И од Министерството за здравство соопштуваат дека Комисијата за заразни болести целосно ги подготви мерките за заштита и потребните протоколи што треба да се запазат за заштита на децата и наставниците во текот на наставниот процес, сепак финалната одлука за почеток на учебната година и начинот на одвивање на наставата е во надлежност на Министерството за образование и наука. Разговорите меѓу Комисијата за заразни болести и МОН продолжуваaт утре.
Анита БуховскиМожеби ќе ве интересира
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти
Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот
Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“




