ДЕЦАТА ВО ШКОЛО БЕЗ МАСКИ, НЕ ДЕЦА СО ПОРЕМЕТЕНА ПСИХА, ЗАТУПАВЕНИ, ДЕЦА ИДНИ ПСИХО-СОЦИОПАТИ: Професорот Даниловски категорично пред стартот на второто полугодие
Објавено во: Македонија 31 Јануари, 2022 10:57
Клучен елемент во
„новото нормално“ се училиштата, вели во неодамнешниот разговор за Фактор,
епидемиологот, проф. д-р Драган Даниловски.
Фигуративно кажано... сѐ нека се затвори, ама училиштата да останат отворени! И тоа без маски за децата! Зошто? Зашто, децата се нашата иднина! Ама, деца здрави, образувани. Не деца со пореметена психа, деца затупавени, деца збеснати, деца полудиви, деца идни психо-социопати, Доволно беше две години што издржаа. Веќе не смееме тоа да го дозволиме. Неприфатливо е децата да не одат на училиште, со образложение да ги заштитат постарите членови во семејството! Сега веќе имаме вакцини на располагање. Нека се вакцинираат! Не можеме да дозволиме децата да се жртвуваат за нас возрасните. Обратно треба да биде! Затоа, возрасните што имаат ученици дома нека се заштитат како знаат и умеат! Нека се вакцинираат со три дози. Наставниците, исто така! За нив маските да останат задолжителни! Со делта ова немаше да биде прифатливо. Ќе беше неодговорно. Но, потребна е и еластичност во приодот. Мора да постои опција за настава на далечина (онлајн), за сите оние кои од субјективни или објективни причини не сакаат или не можат да си ги пратат децата на настава во живо. Ваквиот тип на „ново нормално“ веројатно ќе потрае неколку години. Додека, постепено, сите делови на планетата не достигнат високо ниво на имунитет - некој порано, некој подоцна... Дури тогаш, пандемијата ќе биде завршена во вистинска смисла на зборот, оценува професорот.
А.Б.Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




