23 Ноември, 2024
0.0315

ДЕЦЕНИЈА И ПОЛ ПАСИЈА И ПОСВЕТЕНОСТ ЗА „БРАЌА МАНАКИ“, ТОА Е МНОГУ ПОВЕЌЕ ОД КЛАСИЧНО СПОНЗОРСТВО: Интервју со Игор Божиновски

Објавено во: Македонија 09 Октомври, 2023

Добивај вести на Viber

Факт е дека компаниите преку своите политики за општествена одговорност можат сериозно да придонесат во развојот и унапредувањето на локалните заедници, но некогаш за да се случи некаква промена не се доволни само класичните спонзорства, туку и многу љубов и сериозна посветеност. Токму таков е односот кој повеќе од 15 години битолската компанија „Божиновски часовници и накит“ го гради со фестивалот „Браќа Манаки“. Тука не станува збор само за парична поддршка, туку за вистинска љубов и пасија со која вработените од оваа компанија заедно со група ентузијасти секоја година активно се вклучени во смислување и реализирање на бројни проекти кои имаат една единствена цел – жителите и посетителите на Битола колку што е можно поинтензивно да ја почувствуваат филмската магија која се случува во овој град секоја есен. А, иницијативата за ова интервју се роди откако прочитавме еден инспиративен статус на социјалните медиуми напишан од страна на сопственикот на компанијата Игор Божиновски во кој многу повеќе се зборува за љубов, заедништво, пасија и посветеност, отколку за она што значи класично спонзорство. Зборувавме за односот кој компанијата го има кон фестивалот, но и за важноста за тоа како бизнис секторот својот knowhow несебично да го споделува со заедницата со цел да се иницираат промени.

Деценија и пол имате силна врска со нашиот најпознат филмски фестивал, „Браќа Манаки“, кој годинава се одржа по 44-ти пат. Што е тоа што ве мотивира да бидете една од најверните компании на оваа манифестација, постои ли за вас конкретна движечка сила која би сакале ни ја откриете?

Божиновски: Божиновски часовници и накит веќе 15 години го игра своето танго со фестивалот на филмска камера Браќа Манаки. Поголемиот дел од јавноста тоа веќе добро го знае, но она што никој не знае е мотивот за таа игра кој лежи во една длабока трауматична фрустрација која ја влечам од моите тинејџерски години кога полека започнав да сфаќам колку овој мал народ всушност е поделен. Поделен по национална и верска основа, на политичка основа, поделен на скопјаништа и оние, битолчани, на вечните ривали: чкембарите и комитите... и тоа никогаш не престана, напротив, за жал, причините за поделба се зголемуваа по секоја можна основа. Покасно, кога се навлеков на филмовите и магијата на ФФК Браќа Манаки некаде во 85та, започнав да ги слушам незадоволствата за оние од Скопје кои организираат само за себе и оние од Битола кои не се домаќини како треба...за на крај да го искусам истото чувство во својата компанија која е составена од околу 45 извонредни и вредни работници. Но и меѓу нив поделбата на оние од Скопје и оние од Битола беше нешто што веќе крајно ме вознемируваше. Се прашувам , кога ќе сфатиме дека ЗАЕДНО и само ЗАЕДНО можеме да испливаме од секаква небиднина и дека поделени никогаш за ништо нема да не биде. 

Врските кои ни се дадени со раѓањето, со роднините, комшиите , сонародниците, независно какво потекло и каков карактер имаат, едноставно се нераскинливи, и не ни преостанува ништо друго освен во нив да вложуваме и да ги градиме долгорочно, со неизмерна љубов, посветеност и желба бидејќи резултатот се рефлектира на нас, на оној покрај нас и на околината. Накратко кажано, тоа е мотивот за соработката која што повеќе од 15 години „Божиновски часовници и накит“ ја гради со реномираниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Кај нас желбата да се создадат трајни вредности најчесто не се совпаѓа со поставената рамка на класично маркетерство или спонзорство на културните настани. Токму таа желба, не, повеќе би рекол опсесивна посветеност да ја вратиме љубовта на битолчани кон фестивалот нè инспирира изминативе 15 години да го вложуваме секој атом на нашата енергија за да ја постигнеме поставената цел. Не постои ништо поубаво кога ќе погледнам низ тие 15 години од денешна перспектива и ќе го почувствувам плодот на нашата заложба.

Што ја прави Битола да биде посебна додека ги живее седумте филмски денови?

Божиновски: Во последните 7 години, фестивалот го накити битолското небо се окоу 50 ѕвезди- лауреати, врвни светски кинематографи, продуценти, режисери... а ние на секој од нив им подаривме по еден дијамант. Не случајно одбравме да ги даруваме со дијаманти, туку баш поради симболиката со која ја потенцираме безвременската вредност кој секој лауреат ја остава позади себе, токму како што самиот скапоцен камен тоа го претставува.

Изработивме и доделивме 5 големи звезди за наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, за најголемите македонски творци во филмската индустрија како најголемо признание за животно дело кое го доделува друштвото на филмски работници. Годинава ваква голема ѕвезда и е врачена на познатата македонска актерка и продуцентка Лабина Митевска. 

Органзиравме стотина различни настани, забави, журки, коктели, презентации, промоции, изложби, работилници при што активно беа ангажирани стотици битолчани во улога на изложувачи, дизајнери, уметници, угостители, музичари, оперативци, занаетчии, волонтери... а при тоа во различни моменти успеавме да приклучиме бројни битолски стопанственици и претприемачи кои на свој начин допринесоа во целата организација. Денес веќе можам да кажам дека чувствувам како моите цели полека се остваруваат, и во свеста на јавноста полека се имплантира мислата дека заедно сите ние, сите од цела Македонија, му даваме една целокупност и нова вредност на фестивалот. И се чувствувам спокојно и задоволно.

Ние не сме Холивуд, но ни Холивуд не е Битола! Во Холивуд се слави гламурот, луксузот и сјајот на најпознатите актери.

Во Битола се слави скромноста, топлото добредојде, мирисот на домашната храна, сирење, ајвар, ракија , вино. Се слават скриените дворови, авлии, се слави она добродушна несовршеност која можеби е единственото нешто кое како топло ќебе можеме да го понудиме на странците кои виделе се во својот гламурозен живот. Во Битола се слават скромните господари на филмската магија, волшебниците кои од сенка ги создаваат движечките слики.

Да повториме, Холивуд не може да биде Битола, но Битола може да биде се што ќе посака, а тоа зависи само од нас. Сите!

Како општествено одговорна компанија чија водилка е промоција и издигнување на културните вредности, може ли да издвоите нешто на што сте посебно горди?

Божиновски: Значајно и воздигнувачко чувство ми прави освестувањето за огромниот импакт кој како општествено одговорна компанија започнавме да го остваруваме, прво на микро ниво, а потоа се пошироко. Филантропството во било која форма всушност претставува најблизок одговор на вечното прашање: која е смислата на животот, па тесно поврзано со оваа мисла подолу е субстракт од најбитните моменти кои можам да ги споделам со вас во врска со вашето прашање.

Проектот Манаки ОФФ е сублимат на сите 15 години фокусираност на таа една цел која веќе ја спомнав. Со овој проект правиме спој на локалните претприемачи, интелектуалци, креативци, занаетчии, угостители, институции, граѓанскиот сектор, локалната заедница во целост и заедно со ИФФК Браќа Манаки како здрав темел врз кој ја градиме целата оваа комплексна структура, создаваме една шареноликост низ Битола, го пуштаме фестивалскиот дух слободно низ улиците и сокаците на Битола, а тој ги урива сите горе споменати бариери кои нè разделуваат и поделуваат.

Целиот мој тим и јас сме вистински горди на нашите заложби и на видливите резултати, но не е само тоа на што сум горд.

Посебно ме импонира моментот на формирање на Божиновски фондацијата. Идејата за оваа фондација се роди во еден момент на возбуда од успехот на нашиот проект Дениција кој претставува уникатен спој на македонски дизајн аплициран на познатиот швајцарски часовник Своч. Не случајно велам уникатен бидејќи ова е единствен случај во светот на национален проект во соработка со Своч во лимитирано издание од само 30 парчиња (посветен на 30 годишнината од независноста на Македонија и дизајниран од познатиот графичар и дизајнер Зоран Кардула). (Повеќе информации за часовникот и проектот на линкот.) 

Организиравме аукциска продажба и резултатите беа фасцинантни, поради што во тој момент на тотална егзалтираност, со собраните средства од аукцијата, без многу размислување, во метафорична состојба на Еурека, извикав дека создаваме фондација.

Фондација која ќе иницира, развива, практикува и поддржува програми кои ќе обезбедат можности за раст, развој, усовршување и промоција на културата и социо-културните практики,  идентификуваме млади уметници, креативци кои ги поддржуваме и со кои заеднички креираме можности за развој и подобрување на можностите и условите во  заедницата во која живееме.

Секој еден од нас треба да  го почувствува повикот дека треба да биде чувар на нашето богато културно наследство и да биде квалитетен одгледувач, поттикнувач и инспиратор на нашите млади пред кои стои и од кои зависи иднината на нашата мала земја Македонија.

И пораката која тука би сакал да ја испратам е: да се обидеме да живееме со љубов и пасија како што имаме за пример во нашите претходници, а за мене еден таков светол пример е посветената работа на Браќата Манаки кои работеле во своето фотографско аталје. Со истата таа љубов и пасија да се обидеме денес да создаваме или поттикнуваме  нови ремек дела кои ќе ги паметат идните генерации во Битола, во Македонија. Верувајте, за да го направиме тоа,

Сè што ни треба е љубов!

Ова е пораката која како бренд решивме да ја развиеме во поширока платформа и под чија капа ќе ги реализираме сите наши активности во периодот што следи. 

Погледнете дел од филмското кабаре - организирано на Широк сокак за отворањето на Манаки Оф програмата.


А.Б.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР