17 Декември, 2025
0.0605

ДЕЈЛИ МЕЈЛ: Амфиполис сепак го крие гробот на Александар!

Објавено во: Балкан 17 Ноември, 2014 21:13

Добивај вести на Viber

Гробницата во Амфиполис што ја открија грчките власти го крие гробот на црвенокос маж, што ги поттикнува шпекулациите дека таму бил погребан токму Александар Македонски, тврди британски Дејли Мејл. Весникот наведува дека раскошната изведба на гробницата упатува на заклучок дека се работи за славна личност, бидејќи нејзината изградба сигурно чинела премногу за да ја финансира кој било. Првите анализи на коските што биле откриени пред една недела во подземната крипта покажуваат дека се работи за маж на средна висина, со светол тен и црвенкаста коса, што остава можност да е токму големиот војсководач. Според историските списи, Александар Македонски имал сини очи и црвенкасто-златна коса. Археолозите велат дека од досегашните ископувања е јасно единствено дека се работи за многу важен заповедник. Понатамошните испитувања, кои вклучуваат и ДНК тестирање, треба да покажат дали се работи за член на кралското семејство. ДНК примерокот од пронајдените коски ќе се споредува со оној на таткото на Александар, Филип Втори Македонски. Овие анализи ќе траат најмалку осум месеци и резултатите не се сосема извесни, бидејќи коските на Филип Втори од кои треба да се земе примерок за ДНК анализа се во лоша состојба. Во гробницата во Амфиполис, на стотина километри од Солун, која датира од 4 век пред новата ера, се пронајдени симболи на Александар Велики. Ова е досега најголема гробница откриена во Грција од овој период.  

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата