22 Јануари, 2025
0.0453

ДЕЈЛИ МЕЈЛ: Дали е најден тестаментот на Александар Велики?

Објавено во: Македонија 02 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Tестаментот на Александар Велики можеби е конечно најден, повеќе од 2.000 години по неговата смрт, објави Дејли мејл.

Во тестаментот се откриваат плановите на Александар за иднината на грчко-персиската империја што ја владеел. 

Се откриваат и неговите желби во врска со погребот и наследниците на неговото огромно богатство.

Пораките и деловите од тестаментот може да се најдат во еден стар ракопис познат како „Александрова романса“, што е книга со бајки и приказни поврзани со митските подвизи на Александар.

Веројатно склопени во векот по смртта на Александар, бајките содржат одредени историски фрагменти од походите на Александар во Персиската Империја.

Еден лондонски експерт тврди дека ги откопал тестаментот и последните желби на кралот на Македонија во еден антички текст што со векови се криел „пред наши очи“.

Историчарите веќе долго сметаат дека последното поглавје од книгата е политички памфлет што го содржи неговиот тестамент, но досега таа теорија беше отфрлана.

По десетгодишна работа, истражувачот Дејвид Грант смета дека тестаментот се базира на вистинит текст, но е изменет заради политички ефект.

Резултатите од истражувањето се изнесени во книгата на Грант, „Во потрага по загубениот тестамент на Александар Македонски“.

Тој верува дека оригиналниот документ го заташкале генералите на Александар, затоа што тој за свои наследници ги именувал својот сè уште нероден син Александар Шести (чија мајка била Азијка од потчинет народ) и постариот син Херакле.

Не сакајќи да бидат раководени од луѓе што Македонците ги сметале за мешани во однос на расата, а освен тоа и од редовите на освоените народи, што тогаш било незамисливо, следувал крвав период на внатрешни конфликти и граѓанска војна познати како „Војни на наследниците“.

Грант верува дека во децениите по смртта на Александар тестаментот бил тајно преправен и делен во облик на леток. Тоа го правел еден од неговите генерали за да ја „докаже“ легитимноста на своето право на наследство, како и да им се спротивстави на другите генерали.

Во летокот се даваат детали за заговорот на генералите што планирале да го отрујат Александар.

Наместо да бидат задоволни од регионите на империјата што Александар им ги дал да ги управуваат од името на неговите синови, тие се бореле за контрола врз целата Империја, пишува Дејли мејл.

Можеби ќе ве интересира

ТОШКОВСКИ НЕ САКА ДА ШПЕКУЛИРА ЗА ГРУБИ: „Немаме информација каде е“

ТОШКОВСКИ НЕ САКА ДА ШПЕКУЛИРА ЗА ГРУБИ: „Немаме информација каде е“

АХМЕТИ: Вчерашната одлука на парламентарното мнозинство без етнички легитимитет за деградирање на позицијата на албанскиот јазик e скандалозна

АХМЕТИ: Вчерашната одлука на парламентарното мнозинство без етнички легитимитет за деградирање на позицијата на албанскиот јазик e скандалозна

ИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот сликар Коле Манев

ИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот сликар Коле Манев

Општина Центар донесе препорака за забрана за користење мобилни телефони на настава

Општина Центар донесе препорака за забрана за користење мобилни телефони на настава

ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ЗА СМРТТА НА БЛЗНАЧИЊАТА: Еве што велат од Државниот санитарен инспекторат

ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ЗА СМРТТА НА БЛЗНАЧИЊАТА: Еве што велат од Државниот санитарен инспекторат

Обвинителството ќе испитува како паднал ученикот од прозорец во Прилеп, но чека одговори од полицијата

Обвинителството ќе испитува како паднал ученикот од прозорец во Прилеп, но чека одговори од полицијата

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ОД ЏИП ЗА КОЈ ТВРДИ ДЕКА Е НА АПАСИЕВ - „Драго ми е што напредуваш, ама одвој 40 денари за да го паркираш прописно“

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ОД ЏИП ЗА КОЈ ТВРДИ ДЕКА Е НА АПАСИЕВ - „Драго ми е што напредуваш, ама одвој 40 денари за да го паркираш прописно“

ВЕНКО ОПЕРИРАШЕ, СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ УЧЕА: Филипче изврши операција на пациент со сериозен проблем со р'бетот

ВЕНКО ОПЕРИРАШЕ, СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ УЧЕА: Филипче изврши операција на пациент со сериозен проблем со р'бетот

„НЕ Е НА ГРАНИЦА ЗА ДА ПРОДАВА ЦВЕЌИЊА, ТУКУ ДА ГЛЕДА ВО КОМПЈУТЕРОТ ДАЛИ ЛИЦЕТО Е НА СТОП ЛИСТАТА“ - Тошковски за бегството на Груби, се испитува дали е организирана операција

„НЕ Е НА ГРАНИЦА ЗА ДА ПРОДАВА ЦВЕЌИЊА, ТУКУ ДА ГЛЕДА ВО КОМПЈУТЕРОТ ДАЛИ ЛИЦЕТО Е НА СТОП ЛИСТАТА“ - Тошковски за бегството на Груби, се испитува дали е организирана операција