Добивај вести на Viber
„Дејли моушн“ и „Јутјуб“ спаѓаат во иста категорија со сервисот „видео на барање“ така што би требало да бидат под законот за заштита на француската култура, оцени Високиот совет на радиодифузната агенција (ЦСА) на Франција. Поради тоа, ЦСА предлага воведување на специјален данок за работата на овие два интернет сервиси за размена на видео- содржините, со цел овие гиганти да се принудат да придонесуваат во финансирањето на француската култура, пренесе Франс прес.
- Платформите како што се „Јутјуб“ и „Дејли моушн“ веќе неколку години работат во партнерство со аудиовизуелните издавачи и провајдери на видео- содржини, со кои ги делат проходите од маркетингот - наведува агенцијата.
Поради тоа советот бара Владата да направи студија за тоа колкави се приходите на овие сајтови од професионалните продукции и да ја одреди висината на данокот кој би можел да се воведе.