Декан Марковски: За санација на мостот „Беласица“ ќе биде потребно година и пол и неколку милиони евра
Објавено во: Македонија 16 Мај, 2023
Деканот на Градежен факултет-Скопје, Горан Марковски, во изјава за Сител ТВ вели дека за санација на мостот „Беласица“ кај Ист Гејт Мол, кој пет дена е вон функција откако претрпе пожар, ќе биде потребно време од барем година и пол и најверојатно тоа ќе чини неколку милиони евра.
За Марковски, самите процедури се долги, ддоека работењето на санацијата би била пократка.
- Потребни се три до четири месеци интензивна и високостручна работа за утврдување на состојбата, а ако е потребна негова санација треба уште половина година за да се изработи проект, а дури потоа да се санира, рече деканот.
Според Марковски, многу е важно да се провери во каква состојба се носечките кабли.
- Се работи за кабли од челик и тие се осетливи на високи температури. Ги губат своите карактеристики ако дојдат во контакт со висока температура, и треба да се види колкава била нивната темпертура кога биле во контакт со пожарот, додава тој.
За парите потребни за санирање на штетата, вели дека висината зависи од утврдената состојба.
- Зафатот би бил скап, многу зависи во каква состојва е сега тој. Ако е поголема штетата, сумата може да биде неколку милиони евра, проценува Марковски.
Пожарот кој ги зафати цевководите од долниот дел на мостот, кој се наоѓа меѓу Железничката станица и Ист Гејт Мол, се разви висока температура, чии првични проценки се дека била над 1000 степени Целзиусови.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.