Дел од Албанците ќе почекаат за обнова на домовите
Објавено во: Балкан 15 Декември, 2019
Обновата на домовите по земјотресот во Албанија ќе заврши до 2021 година.
Жителите во албанските села погодени од катастрофалниот земјотрес кој се случи на 26 ноември ќе имаат свои нови домови во текот на 2020 година. Албанскиот премиер Еди Рама вели дека се надева дека дел од жителите од селските населени места, новата 2020 година ќе ја дочекаат во нови домови.
Што се однесува до жителите во градовите чии домови беа урнати или оштетени од земјотресот, Рама изјави дека процесот на обновата се очекува да заврши до јуни 2021 година.
Во Албанија и денеска имаше повеќе потреси.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.