ДЕЛ ОД ДОБИВКАТА ЌЕ СЕ РЕИНВЕСТИРА, ОСТАНАТИОТ ЌЕ СЕ АКУМУЛИРА – еве како работеше Скопски пазар од почетокот на годината
Објавено во: Финансии 29 Октомври, 2025 08:50
Согласно најновиот финансиски извештај на компанијата „Скопски Пазар АД Скопје“ периодот јануари – септември 2025 година, ова не е нивниот најдобар период. Иако постигнатите резултати не се најдобриот резултат сепак компанијата има позитивен финансиски резултат.
Согласно извештајот кој го објавија на Македонска берза, приходите на компанијата се паднати за над 60 проценти, што се должи на продажбата на недвижен имот која била реализирана минатата година.
- Остварени вкупни приходи во периодот јануари – септември 2025 година изнесуваат 211.278 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2024 година бележат намалување од 62 отсто пред се поради отсуство на вонредни приходи од продажба на недвижен имот кои постоеја во истиот период во 2024 година.
Скопски Пазар АД Скопје за периодот јануари – септември 2025 година оствари добивка од 15.843 илјади денари, што преставува намалување од 95 проценти во однос на истиот период од минатата година пред се поради отсуство на вонредни приходи од продажба на недвижен имот кои постоеја во истиот период во 2024 година – се посочува во извештајот.
Во извештајот објавен на Берза се прецизира дека градежните објекти кои се состојат од магацински и деловен простор, дадени под оперативен наем се класифицирани во недвижности за изнајмување по пат на пренос, согласно нивната пренамена.
- По првичното признавање како недвижности за изнајмување, овие средства се признаени по нивните објективни вредности, кои претставуваат пазарни вредности, утврдени од страна на надворешни проценители со соодветно искуство. Разликата помеѓу претходно евидентираната вредност и објективната вредност се третира во согласност со МСС 16 како ревалоризациона резерва во рамките на капиталот на Друштвото. Последователното мерење на градежните објекти (магацински и деловен простор) кои се издаваат под оперативен наем, кои се иницијално признаени по моделот на објективна вредност, се врши со повторна проценка на нивната објективна вредност на секој датум на билансирање. Добивката или загубата која произлегува од промената на објективната вредност се признава во добивката или загубата во периодот во кој настанала согласно МСС 40 – се појаснува во извештајот.
Од компанијата посочија дека вкупните расходи за споменатиот период достигнале 195.435 илјади денари и во споредба со истиот период во 2024 година бележат намалување од 1 отсто. Исто така известуваат дека на Годишно собрание не била донесена одлука за исплата на дивиденда за 2024 година.
Согласно одлуките на Годишното собрание на акционери, остварената нето добивка за 2024 година на износ од 425.597.152 денари се распредели на следниот начин: за инвестиции 120.000.000 денари, акумулирана добивка 305.597.152 денари – стои во извештајот, во кој исто така е посочено дека во 2025 година е продолжено со имплементирање на планираните инвестиции во објектите со кои стопанисува Друштвото.
П.О.
Можеби ќе ве интересира
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми
Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра
Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома
„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска




