ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите
Објавено во: Македонија 19 Декември, 2025 06:30
Продолжување на активности, но и заострување во следните денови, одлучија грчките земјоделци на вчерашниот состанок на кој учествуваа претставници на над 50 блока од цела Грција, а паралелно уште еднаш го одбија повикот од Владата за средба, јави дописничката на МИА од Атина.
Претставници на земјоделците велат дека по вчерашниот состанок и со одлуките, покажале дека блоковите од цела Грција функционираат како еден обединет блок, објаснија дека не добиле суштински одговори од Владата и дека не се исполнети нивните услови за средба со владини претставници.
Дополнително нагласија дека се решени да продолжат со блокадите и ако е потребно и Божиќ и Нова година ќе ги поминат на улица.
Планираат од денес, по 14 часот по локално време, да затворат уште повеќе патишта и автопати и споредни улици низ цела Грција, а не е исклучена можноста одлуките за заострување на протестите да значи и повеќечасовни блокади на граничните премини.
Пораката на грчките земјоделци е дека не сакаат блокадите да бидат пречки за патувањата на граѓаните за божиќните празници и веројатно во вторник ќе ги отворат патиштата, но и патарините за слободно движење на возилата во пресрет на Божиќ.
Сепак за следните чекори, одлуки ќе бидат донесени во вторник, за кога е закажан нов состанок.
Протестите на земјоделците започнаа на 30 ноември, поради зголемените трошоци за производство и ниските цени за продажба на нивните производи, поради скандалот со европските земјоделски субвенции, а главното барање е исплатата на заостанатите субвенции.
Можеби ќе ве интересира
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир




