Дел од праските и сливите имаат штети, но дали преспанските јаболка ќе ги „преживеат“ студените денови?
Објавено во: Агробизнис 07 Април, 2023
Имаме зимски температури во април. Овие временски услови се закана за овошните дрвца.
Во Росоман веќе има оштетувања на дел од насадите со праски, оние кои се во пониските делови. Мештаните чекаат да видат што ќе се случи идните денови и дали нивните овоштарници ќе ги издржат температурите.
„Во некои овоштарници има штети, кај мене лично нема. Поседувам 3.000 дрвца праска, а со овоштарство се занимавам од 2000-та година наваму. И претходните години за Благовец сме имале студено време. Промените на климата се очигледни. За наредните денови се најавени ниски температури, ќе видиме што ќе се случи. Кај нас скоро секоја куќа поседува праски, луѓето се занимаваат со лозарство, имаат бавчи, значи работат во земјоделска дејност. Праските се за продажба, а за свои потреби е доволно да имате едно, две дрвца“, објаснува Јонче Апостолоски, жител на Росоман.
Сепак, овоштарите во Преспа очекуваат дека јаболката годинава ќе се спасат од измрзнување. Објаснуваат дека овие температури кои сега ги имаме се на граница и ако температурата се спушти пониско, штети се можни.
Љубе Пампулески од Здружението на овоштари „Благој А.Котлароски“ од Ресен вели дека тоа што садниците се на 1.000 метри надморска височина и што вегетацијата доцни за 10 до 15 дена за разлика од другите региони, е предност за јаболката.
„Јаболката уште не почнале да цветаат и сега сме во рана фаза, така што рано е да се каже дали ќе има штети. Се надевам дека тоа нема да се случи. Доколку дневните температури останат од 10 до 15 степени, а утринските се на нула или се спуштат под нулата, тогаш може да има оштетувања. Сливите во овој крај веќе претрпеа штети. Ако дојде до измрзнување на родот, цената на јаболката секако ќе биде повисока, а сега е ниска“, вели Пампулески.
Во овој регион, на површина од 4.500 хектари има 4.5 милиони дрвца јаболка.
Ангелко Ангелески, агрометеоролог од УХМР вели дека просечен датум на последна појава на мраз во последните 30 години за Скопје е 9 април. За Битола на пример е 12 април. Мразот не е невообичаен за овој период од годината, но објаснува дека ако за луѓето е лесно да покријат едно дрвце во дворот и да го заштитат од мраз, за овоштарниците тоа е многу тешко да се направи. Оросувањето може да помогне, но системите не се активирани. Зачадување исто е мерка која може да ги заштити дрвјата, но ако овоштарите одлучат да палат гуми, тогаш тоа е грешка.
„Зачадувањето треба да се прави со растителен отпад. Јас ги советувам луѓето, гранките од кроењето на лозјата да не ги фрлаат и да ги употребат за таа намена, затоа што тоа е растително, а доколку палат пластики, тогаш тоа е штетно за средината. И не се важни само температурите како фактор, туку и трањето и повторувањето, како и експозицијата на садниците. Ако во петок имаме минусни температури, прашање е колку време траеле тие во утринските часови, дали ќе се повторат во саботата и неделата. За овошни дрвца кои се во двор, состојбата е многу поинаква, затоа што таму има куќи, објекти, се отвораат врати, прозорци, микроклимата е променета, температурите се нешто повисоки и тоа дрво е позаштитено. Мое мислење е дека овие температури ќе доведат до проретчување на родот“, рече Ангелески.
За време на викендот и во почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег.
Сања Атанасовска* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.