19 Декември, 2025
0.0501

ДЕЛТА Е ЗАКАНА ВО ПОВЕЌЕ ЗЕМЈИ: Засега нема дополнителни мерки, но ако евентуално има ќе бидат во насока на штитење на границите, најави Филипче

Објавено во: Македонија 02 Јули, 2021 13:05

Добивај вести на Viber

Делта варијантата е регистрирана во повеќе европски земји, реече денеска министерот за здравство, Венко Филипче, кој одговарајќи на новинарско прашање потенцираше дека засега во земјава нема сополнителни мерки. Сепак, за ова Филипче најави дека ќе се разговара на состанокот на Комисијата за заразни болести в понеделник.

-Засега нема дополнителни мерки, но да одговорам директно, дали ќе воведуваме некаква форма на рестрикција ќе разговараме на состанокот на Комисијата за заразни болести в понеделник. Ќе ги слушнеме размислувањата на епидемиолозите. Ние и сега разговараме телефонски, дел од членовите анализираат, истражуваат. Евентуално ако носиме некаква одлука ќе биде во насока на штитење на границите, значи во однос на тестови. Да се процени ризикот и дали е тоа вистинска мерка со којашто навистина можеме да се заштитиме, рече Филипче.

Истовремено Филипче истакна дека сега се фокусирани на вакцинацијата и како што рече до следниот петок ќе бидат вакцинирани сите кои досега се пријавени, нагласувајќи дека до крајот на следната недела во Македонија ќе има околу 500 илјади вакцинирани граѓани. Но, оваа бројка не е доволна, смета министерот.

А.Б.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот