23 Ноември, 2024
0.0270

ДЕЛТА ВАРИЈАНТАТА КАЈ ДЕЦАТА,ОСВЕН БЕЛИТЕ ДРОБОВИ ГО НАПАЃА И ГАСТРОИНТЕСТИНАЛНИОТ СИСТЕМ: Д-р Зекири апелира да се вакцинираат особено тие со хронични болести

Објавено во: Македонија 23 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Според британските и американските експерти, најмладата популација, односно децата на возраст од 12 до 15 години се главсните носители на корона ворусот во текот на четвртиот бран во кој доминира Делта варијантата. За се поголем број деца на оваа возраст заразени, па и хоспитализирани поради ковид-19, алармираат и лекрите во регионов. Српските пулмолози велат дека во текот на оваа недела на болничко лекување се примени два пати повеќе деца во однос на изминатите недели, и тоа од новороденчка возраст до 16 години. За среќа, како што посочуваат, кај нив нема некои сериозни компликации, но поради воспаление на белите дробови, мора да останат во болница.

Во Македонија немаме алармантна бројка на хоспитализирани деца поради компликации од ковид-19, а нивниот број веќе подолг период е 20 во Институтот за белодробни заболувања кај децата-Козле. Во разговор за Фактор, директорот на Институтот, д-р Бекир Зекири изјави дека постојат две групи на деца кои се заразени со вирусот и се лекуваат таму, и тоа од 0 до 2 години, и од 9 до 16 години.

-Во првата група, од помалите имаме само пет дечиња, а останатите 15 се од втората група, поголемите дечиња на возраст од 9 до 16 години. Со пост ковид состојби, децата добро поминуваат, немаат компликации и генерално тоа се дечиња кои тука се лекувале, а потоа доаѓаат на редовни контроли. Тоа што би сакал да истакнам е дека со пост ковид состојби тука не се повторно хоспитализирани. И со оглед на тоа што школите се отворени, нема поголема бројка заразени. Откако се врати ковидот, некаде од август наваму, бројката е речиси иста. И претходно имавме околу 20 дечиња на кои им беше потребен болнички третман, исто како и сега. Но, треба да се внимава, особено поради фактот дека овој делта сој е навистина многу позаразен од претходните три, вели д-р Зекири.

Во однос на клиничката слика кај децата болни од вирусот, д-р Зекири вели дека не станува збор за тешки форми на болеста, но првично доаѓаат заради повишена температура.

-По два три дена по примање на терапија, температурата се стабилизира и по една недела до 10 дена хоспитализација, поминуваат сите симптоми и генерално така завршува болничкото лекување. Откако ќе ги испишеме, следуваат редовните контроли, прво по пет дена, па по една недела, потоа по еден месец, па на три месеци, состојбата кај нив треба да се следи за да нема некои компликации на белите дробови. Посебно би сакал да потенцирам дека делта сојот прави проблеми на повеќе органи кај децата. Освен на белите дробови, а кај дел од децата се јавуваат и гастроинтестинални проблеми. Често имаат повраќање и пролив, што значи дека самата делта варијанта е повеќесистемска, посочува д-р Зекири.

Смета дека за да нема зголемување на бројот на деца, треба поголемо внимание и од страна на родителите, но и од страна на наставниците. Апелот, како што вели е првично родителите да се вакцинираат, но со оглед на фактот што и во Македонија се спроведува вакцинацијата на децата на возраст од 12 до 16 години, добро е опфатот и во оваа група да биде поголем.

-Вакцинацијата кај децата првично е препорачана за оние кои имаат хронични заболувања и некои други коморбидитети. Вакцината навистина кај нив дава одличен имунолошки одговор и ги штити од компликации кои може да ги направи корона вирусот, заклучува д-р Зекири во разговорот за Фактор.

Анита Буховски


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание