16 Јули, 2024
0.0290

ЦАРИНА ЗАПЛЕНИ СКОРО 8 ИЛЈАДИ ЕВРА НА ГРАНИЦА: еве колку пари смеете да изнесете надвор од земјaта

Објавено во: Македонија 16 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Македонски државјанин сакал да изнесе од земјата поголема сума девизи, но при контрола од цариниците на граничниот премин Блаце било утврдено дека има преголема сума, при што му биле одземени 7.800 евра. 

Инспектори од Служба за мобилни скенери спречија нелегален изнес на девизи на граничен премин Блаце во износ од 7.800 евра, откако при контрола на патник открија поголема сума непријавени девизи - соопшти Царинската управа.

Лицето, како што се наведува во соопштението, е македонски државјанин кој патувал со автомобил со чешки регистарски таблички. На прашање на царинските инспектори дали има нешто да пријави тој одговорил дека нема ништо, при што е извршена контрола на возилото каде во неговата ташна се пронајдени вкупно 9.800 евра. Согласно Законот за девизно работење на патникот му се вратени 2000 евра, што македонски државјани можат да ги изнесат од државата без да ги пријават, а останатите се задржани.  

Против лицето е поднесена пријава за девизен прекршок.

Од Царинската управа ги известуваат граѓаните дека при излез од државата можат да носат ефективни странски пари во износ од 2 илјади евра по лице. Доколку изнесуваат девизи во износ од над 2 илјади евра, должни се да ги пријават на царинскиот орган со презентирање на потврда од банка или менувачница. Девизи во вредност од над 10 илјади евра не е дозволено да се изнесуваат.

Фото: Царинска управа

Можеби ќе ве интересира

Демант на ЈП Комунална хигиена Скопје - Комуналниот отпад во општина Центар се собира редовно

Демант на ЈП Комунална хигиена Скопје - Комуналниот отпад во општина Центар се собира редовно

ТАРАВАРИ И МЕМЕДИ ЗА ТРИМЕСЕЧНОТО БЕБЕ: „Родителите и медицинската сестра си подале рака на помирување“

ТАРАВАРИ И МЕМЕДИ ЗА ТРИМЕСЕЧНОТО БЕБЕ: „Родителите и медицинската сестра си подале рака на помирување“

Обвинение за петмина наркодилери од Грчец, двајца биле задолжени за убивање

Обвинение за петмина наркодилери од Грчец, двајца биле задолжени за убивање

СДСМ: Пет нерасчистени убиства под владеење на Тошковски

СДСМ: Пет нерасчистени убиства под владеење на Тошковски

„Изводот ни го дадоа со погрешни податоци“: Ребека револтирана од „организираноста на институциите“ сподели видео од гужвите

„Изводот ни го дадоа со погрешни податоци“: Ребека револтирана од „организираноста на институциите“ сподели видео од гужвите

„КОГА АКАДЕМИК КАМБОВСКИ ЌЕ КАЖЕ ДЕКА ИМАМЕ ОДЛИЧНА ДИСЕРТАЦИЈА...“ - погледнете како Фатиме Фетаи го одбрани својот труд

„КОГА АКАДЕМИК КАМБОВСКИ ЌЕ КАЖЕ ДЕКА ИМАМЕ ОДЛИЧНА ДИСЕРТАЦИЈА...“ - погледнете како Фатиме Фетаи го одбрани својот труд

РЕЗУЛТАТИ ОД МАМОГРАФИЈА СЕ ЧЕКААТ СО МЕСЕЦИ, НЕМА РАДИОЛОЗИ ДА ГИ ПРОЧИТААТ: Пациентките од Велес се жалат

РЕЗУЛТАТИ ОД МАМОГРАФИЈА СЕ ЧЕКААТ СО МЕСЕЦИ, НЕМА РАДИОЛОЗИ ДА ГИ ПРОЧИТААТ: Пациентките од Велес се жалат

ДОКТОРИ И МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ НА ХИРУРГИЈА ОТВОРААТ ВРАТА САМО АКО УМИРА НЕКОЈ: На младата Александра не и укажале помош зошто имала само повреден прст

ДОКТОРИ И МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ НА ХИРУРГИЈА ОТВОРААТ ВРАТА САМО АКО УМИРА НЕКОЈ: На младата Александра не и укажале помош зошто имала само повреден прст

Љупчо Димовски има стан од 200.000 евра и три девизни сметки

Љупчо Димовски има стан од 200.000 евра и три девизни сметки