16 Јули, 2024
0.0379

Обвинение за петмина наркодилери од Грчец, двајца биле задолжени за убивање

Објавено во: Македонија 16 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против пет лица од меѓународната организирана криминална група по спроведената акција за наркодилерите од Грчец на почетокот на оваа година. Ги координирал наркобосот Шеваљ Муареми, кој избега и е недостапен за органите на редот.

Тројца се товарат за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. Тие заедно со други лица од кои дел се осомничени во предметот и се недостапни на органите на прогонот, дел се починати, а дел веќе осудени, заеднички делувале, секој во својата улога на неовластена набавка, пренесување, држење, продажба и посредување во купопродажба. Во повеќе наврати во текот на 2020 година овие тројца обвинети биле инволвирани во неовластено купување на 15,005 килограми наркотична дрога – кокаин, нејзино пренесување и пуштање во промет во државава.

„Меѓународната криминална група чии припадници се обвинетите, делувала во временскиот период од 14.06.2019 до 09.03.2021 година при што во повеќе наврати спровела неовластено купување на наркотична дрога – кокаин од земјите од Јужна Америка, организирајќи го и нејзиното пренесување преку воден пат до Европските земји. Неовластеното пренесување на наркотичната дрога – кокаин наменета за неовластена продажба во Р.СМакедонија од Кралството Белгија и од Р.Албанија преку Косово го договарал и организирал еден од осомничените во предметот – недостапен на органите на прогонот кој е организатор на групата во РСМакедонија“, соопшти Обвинителството.

Останатите двајца се обвинети за „злосторничко здружување“. Во временскиот период од декември 2019 до март 2021 година, Шеваљ Муареми, заедно со уште едно лице недостапно на органите на прогонот и двајца починати создале криминална група која имала за цел вршење на кривично дело „Убиство од одмазда и по порачка“. 

„Припадници на групата покрај двајца починати станале и двајца осомничени во предметот – недостапни на органите на прогонот, како и двајцата обвинети. Организаторите на криминалната група подготвувале планови и носеле одлуки за тоа кој, кога, каде и на кој начин да биде лишен од живот. Одлуките ги спроведувале лично или преку припадниците на организираната криминална група, кои ги прифаќале и спроведувале, а договорите, налозите и упатствата биле пренесувани во непосредни контакти или преку енкриптирани телефони на кои била инсталирана апликацијата “SKY“. Така, организаторите врз основа на претходни сознанија во кои биле цврсто убедени, дека едно лице наводно е учесник и предводник во престрелката во Хотел „Александар Палас“ во Скопје, каде со употреба на огнено оружје било пукано кон дел од членовите на групата, започнале да прават план за лишување од живот на лицето. Откако донеле одлука да го убијат ги ангажирале двајцата обвинети и уште едно сега починато лице, давајќи им налог да го следат неговото движење. По неколку неуспешни обиди на 5.3.2020 година, обвинетите и сега починатиот употребувајќи светлосни сигнални уреди – флешери го запреле возилото во кое се наоѓало лицето кое им било цел со уште три други лица и со употреба на автоматско оружје и пиштол го лишиле од живот , притоа убивајќи уште едно лице кое седело зад него“, објави Обвинителството.

Со Обвинителниот акт предметниот обвинител достави и посебен предлог на обвинетите да им се продолжи мерката притвор заради постоење на можност обвинетите да се дадат во бегство или да го повторат делото.

Наредбата за спроведување на истражна постапка беше донесена во јануари против 15 лица. 

„За четири лица кои се недостапни на органите на прогонот, обвинителството преку Министерството за правда ги има преземено сите неопходни активности согласно Законот за меѓународна помош во кривична материја. Така, за две лица се доставени документи за екстрадиција до Обединетите арапски емирати, за едно лице до Р. Хрватска и за едно лице до шпанските власти. Постапките за екстрадиција се водат согласно процесните закони на државите во кои се наоѓаат осомничените лица и за нив истражната постапка ќе продолжи по нивното обезбедување, како и за останатите осомничени“, додаваат од таму.


Можеби ќе ве интересира

„СРЕЌЕН 18 РОДЕНДЕН ИВО“: Филипче му го честитате роденденот на неговиот син

„СРЕЌЕН 18 РОДЕНДЕН ИВО“: Филипче му го честитате роденденот на неговиот син

„КАКО Е МОЖНО ЗА ПОМОШНИК МИНИСТЕР ВО МВР ДА Е ПОСТАВЕНО ЛИЦЕ СО КРИВИЧНА ПРИЈАВА?“: Петровска со повеќе прашања

„КАКО Е МОЖНО ЗА ПОМОШНИК МИНИСТЕР ВО МВР ДА Е ПОСТАВЕНО ЛИЦЕ СО КРИВИЧНА ПРИЈАВА?“: Петровска со повеќе прашања

Демант на ЈП Комунална хигиена Скопје - Комуналниот отпад во општина Центар се собира редовно

Демант на ЈП Комунална хигиена Скопје - Комуналниот отпад во општина Центар се собира редовно

ТАРАВАРИ И МЕМЕДИ ЗА ТРИМЕСЕЧНОТО БЕБЕ: „Родителите и медицинската сестра си подале рака на помирување“

ТАРАВАРИ И МЕМЕДИ ЗА ТРИМЕСЕЧНОТО БЕБЕ: „Родителите и медицинската сестра си подале рака на помирување“

СДСМ: Пет нерасчистени убиства под владеење на Тошковски

СДСМ: Пет нерасчистени убиства под владеење на Тошковски

„Изводот ни го дадоа со погрешни податоци“: Ребека револтирана од „организираноста на институциите“ сподели видео од гужвите

„Изводот ни го дадоа со погрешни податоци“: Ребека револтирана од „организираноста на институциите“ сподели видео од гужвите

„КОГА АКАДЕМИК КАМБОВСКИ ЌЕ КАЖЕ ДЕКА ИМАМЕ ОДЛИЧНА ДИСЕРТАЦИЈА...“ - погледнете како Фатиме Фетаи го одбрани својот труд

„КОГА АКАДЕМИК КАМБОВСКИ ЌЕ КАЖЕ ДЕКА ИМАМЕ ОДЛИЧНА ДИСЕРТАЦИЈА...“ - погледнете како Фатиме Фетаи го одбрани својот труд

РЕЗУЛТАТИ ОД МАМОГРАФИЈА СЕ ЧЕКААТ СО МЕСЕЦИ, НЕМА РАДИОЛОЗИ ДА ГИ ПРОЧИТААТ: Пациентките од Велес се жалат

РЕЗУЛТАТИ ОД МАМОГРАФИЈА СЕ ЧЕКААТ СО МЕСЕЦИ, НЕМА РАДИОЛОЗИ ДА ГИ ПРОЧИТААТ: Пациентките од Велес се жалат

ЦАРИНА ЗАПЛЕНИ СКОРО 8 ИЛЈАДИ ЕВРА НА ГРАНИЦА: еве колку пари смеете да изнесете надвор од земјaта

ЦАРИНА ЗАПЛЕНИ СКОРО 8 ИЛЈАДИ ЕВРА НА ГРАНИЦА: еве колку пари смеете да изнесете надвор од земјaта