Транспортерите на поранешно „Фени“ останаа со празни раце од стечајот

Објавено во: Економија 14 Јули, 2024 18:47
Без околу 3 милиони евра останаа 80 транспортни фирми, односно превозници на производите на поранешно „Фени“, откако стечајната маса собра пари само да ги исплати работниците, односно нивните плати, кои имаат предност, објави ТВ24.
Според превозниците, „Еуроникел“ на компанијата Дабл Игл зад која стои турски Јилдирим се продала за само 18 отсто од проценетата вредност. Се собрале само 1,8 милиони евра колку за да се обештетат вработените.
- Нашите пари горат, на 100 превозници. Наместо 9,5 милиони евра, си направиле само 1,8 милиони евра, си изгласале доверителите, колку нив да ги исплатата, изјави еден од транспортерите за ТВ24. Од таму најавија дека идната недела ќе има предупредувачки протест со возење на камионите околу комбинатот.
Турски ,,Јилдирим" во мај го купи комбинатот за фероникел, поранешно „Фени" од Кавадарци, а работниците сукцесивно треба да се враќаат на работа.
Некогашниот гигант од Кавадарци, кој до пред некое време вработуваше околу 800 работници, во изминатиот период се соочуваше со проблеми, вработените протестираа, а компанијата која беше со странски газди, замина во стечај. Вработените редовно потсетуваат дека илјадници фамилии егзистираат од топилницата, имајќи ги во предвид и транспортните компании ангажирани за комбинатот.
Можеби ќе ве интересира
„ОхридТурист“ го промени составот на УО со нови луѓе од „Тиквеш“ и „М-6“, додека трае спорот со вториот акционер за продажба на имотот

ДАЛИ ЛЕГЕНДАРНИОТ ЏИН СЕ ПРИБЛИЖУВА ДО КРАЈОТ? Првиот штрајк во историјата на компанијата, илјадници работници ги губат своите работни места

ПАСОШИТЕ НАСКОРО ЌЕ БИДАТ ПОВЛЕЧЕНИ ОД УПОТРЕБА: Новата ера започнува

ШТО ТОЧНО НОСИ ТРГОВСКИОТ ДОГОВОР МЕЃУ САД И КИНА? Еве ги сите детали, царината е намалена за 115 проценти

МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА ЕКОНОМИЈАТА ИМА ПОТЕНЦИЈАЛ: Колкав раст очекува?

Македонија2025 го отвори најголемиот Самит досега: Фокус на реформи, иновации и економски раст

ММФ СО ПРОЕКЦИЈА ЗА ИНФЛАЦИЈАТА ВО 2026 ГОДИНА: Најниска во Швајцарија, највисока во Турција, е еве каде е Македонија

Самит Македонија 2025: Дигитализацијата клучна за економски развој, борба против корупција, поефикасна државна управа и подобри јавни услуги
