19 Декември, 2025
0.0361

Демант на текст на Фактор од Сашо Давитковски

Објавено во: Македонија 22 Мај, 2025 13:34

Добивај вести на Viber

На ден 13.05.2025 година на порталот www.faktor.mk, чиј издавач е Фактор Портал ДООЕЛ Скопје, а главен и одговорен уредник Нина Нинеска-Фиданоска, е објавен текст со наслов: „Правда за „Скопски пазар“! Поранешните директори преку застарување на предметот куртулија од затвор, ќе платат ли 655.000 евра за штетата што ја направија?“, со што имате изнесени невистинити информации штетни за мојата чест и углед.

Во таа насока, првенствено укажувам дека апсолутно невистинито е изнесеното тврдење дека јас и мојот брат Тошо, заедно со други лица со кои сме управувале, сме одлучиле да поништиме сопствени акции во Скопски пазар АД Скопје. Ова е класична замена на тези, спорните одлуки не се донесени од нас како членови на Управниот и Надзорниот одбор, туку од акционерите на друштвото, преку Собрание на акционери. Во прилог Ви ги доставуваме одлуките за да се уверите во точноста на ова тврдење. Отука, со оглед дека ние не сме ги донеле одлуките, не сме можеле ни да го „оштетиме“ друштвото и заради тоа вака изнесеното тврдење од Ваша страна го цениме како малициозно, манипулативно и клеветничко.

Дополнително, на одржаните собранија, ние двајцата со вкупен број наши акции никако не сме биле во позиција да ги донесеме одлуките ни како акционери, бидејќи на првото собрание од 2006 година јас поседувам 230 акции со процент на учество на собранието од 0,31%, а мојот брат Тошо Давитковски поседува – 11 акции со процент на учество на собранието од 0,01%, а на второто собрание од 2007 година, јас поседувам 5.900 акции со процент на учество на собранието од 6,9%, а мојот брат Тошо Давитковски поседува – 4941 акции со процент на учество на собранието од 5,77%. Зголемувањето на бројот на акции се должи на тоа што мојот татко во меѓувреме почина и ги наследивме неговите акции. Акционерската книга за тој период може да си ја извадите и да проверите за точноста на изнесеното.

Понатаму, апсолутно се неосновани наводите дека преку застарување на предметот сме избегнале казна затвор, од причина што како медиум кој пишува на темава сте должни да знаете дека со донесеното Решение ВКЖ2-12/25 од 26.3.2025 година, Врховниот суд посредно утврдува дека ние немаме својство за да бидеме обвинети (она на што е погоре укажано – не сме ги донеле одлуките) и уште побитно, утврдува дека донесените одлуки не се незаконити, бидејќи се донесени согласно закон и статутот. Ваквата одлука е јавен документ, сте требале да ја прибавите пред да пишувате за случајот, но доколку ја немате, обратете се до мене и јас ќе Ви ја доставам.

Тука доаѓаме до уште еден проблем во врска со објавениот текст, пред да пишувате, согласно новинарските стандарди сте биле должни да се обратите и да упатите прашања до мене или до мојот брат Тошо Давитковски во врска со случајот. Тоа е елементарен новинарски стандард, да се сослуша и другата страна – audiatur et altera pars. За ова и за целиот текст ќе се обратам до Советот на честа на ЗНМ и ќе барам да се утврди дека со текстот сте ги прекршиле етичките стандарди на новинарската професија. Во таа насока, барам од вас како медиум да ми доставите и информација за точно име и презиме на новинарот, кој што е потпишан со иницијалите на текстот.

Следствено на наведеното, барам согласно член 13 од Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда, да го објавите овој демант како целосен и интегрален текст.

 Покрај тоа, барам во рок од 48 часа сметано од денот на приемот на ова писмо, на начин како што е објавен текстот, да објавите извинување кон мене и јавно да го повлечете текстот, а за кои превземени дејствија навремено ќе ме известите. Во спротивно, ќе бидам принуден против вас како правно лице, против главниот и одговорен уредник и против новинарот, да поведам граѓанска постапка за утврдување на одговорност за клевета, согласно одредбите на Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда. Дополнително на тоа, Ви укажувам дека согласно член 9 став 1 од Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда, Вие ќе имате обврска да ја докажете вистинитоста на сите информации кои ги имате изнесено.

Скопје, 13.05.2025 година Барател,

Сашо Давитковски

Извинување до Сашо Давитковски

Се извинуваме затоа што согласно со новинарските стандарди и етика не доставивме прашања до Вас во временскиот период на подготовка на текстот и не Ви овозможивме да ја изнесете Вашата страна. Грешката не е намерна, а причината е од техничка природа и лежи во тоа што не успеавме да најдеме контакт телефон или меј адреса.

Фактор Портал 

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните