18 Декември, 2025
0.0359

Демонстранти во Москва бараат од Путин да интервенира во Украина

Објавено во: Свет 02 Август, 2014 18:48

Добивај вести на Viber

Неколку стотици граѓани се собрале денеска во Москва, повикувајќи го рускиот претседател Владимир Путин „да преземе акција“ во Украина, односно да испрати војници во таа земја за „одржување на мирот и прекин  на крвопролевањата“. „Ако некој има моќ, тогаш треба да премине во акција“, велат организаторите на протестот на кој беше најавено учество и на проруски активисти од регионот на Доњецк во источна Украина. Според нив, Русија треба да упати воени сили за одржување на мирот и заштита на проруското население во Украина. „Американски генерали во моментов се наоѓаат во Украина и набавуваат оружје за украинската војска. Не разбираме зошто Русија не би го направила истото за проруските активисти“, додадоа организаторите на протестот. Во тримесечните жестоки судири меѓу украинските сили и проруските сепаратисти, загинаа повеќе од 1.100 луѓе, објавија Обединетите нации. И покрај политичката поддршка од Путин за проруските бунтовници во Украина, Кремљ демантира дека им праќа каква било директна помош.

Можеби ќе ве интересира

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“