16 Декември, 2025
0.0436

ДЕН ЗА ОДЛУКА – Кој ќе го наследи Баросо?

Објавено во: Свет 27 Јуни, 2014 12:22

Добивај вести на Viber

Лидерите на земјите-членки на Европската унија се очекува на денешниот состанок во Брисел да го изберат поранешниот премиер на Луксембург, Жан-Клод Јункер за нов претседател на Европската комисија. Сепак за неговиот избор не постои едногласност - Велика Британија остро се спротивставува Јункер да ја преземе важната функција во Европската унија. Британскиот премиер Дејвид Камерон му забележува на поранешниот луксембуршки премиер дека премногу се залага за јакнење на Унијата, што би можело да ги блокира натамошните реформи на ЕУ. Камерон смета дека Јункер е „погрешен човек во погрешно време“ и дека на Комисијата и е потребен претседател кој решително ќе тргне кон реформи. Според најавите, британскиот премиер е подготвен до последен момент да се бори против назначувањето, но во оваа битка по се изгледа ќе остане осамен. Јункер веќе ја доби поддршката на германската канцеларка Ангела Меркел, како и на осум лево ориентирани шефови на држави и влади од земјите-членки на Унијата: францускиот претседател Франсоа Оланд, австрискиот канцелар Вернер Фајман и премиерите на Романија, Италија, Белгија, Словачка, Чешка и Данска. Изборот на Јункер најавија дека ќе го поддржат и Шведска и Холандија. На оваа позиција, Јункер треба да го наследи досегашниот претседател Жозе Мануел Баросо. Според познавачите, во однос на проширувањето на Европската унија, Јункер во принцип го поддржува, но сепак смета дека во моментот приоритет е внатрешна стабилизација на Унијата.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“