Ден за одлука во Шкотска: Голема или Мала Британија?
Објавено во: Свет 18 Септември, 2014 10:00
Пресудно за впишување во избирачкиот список е постојаното жителство во Шкотска, па право на глас немаат шкотските државјани и родените во Шкотска кои не живеат во оваа земја.
Референдумското прашање се состои од седум збора кои можат да ја променат историјата на оваа земја, но и на Европа - Дали Шкотска треба да биде независна земја?
Британскиот премиер Дејвид Камерон вели дека секому кому му е грижа за Велика Британија од утрово е нервозен. „Уверен сум дека на Шкотска и ги даваме најдобрите можности: успешна економија и поголема самостојност, ако се изјаснат против независноста“, вели Камерон.
Напнатоста е голема и во другите делови на Европа, поради стравувањето дека шкотскиот пример би можеле да го следат и други европски региони кои се стремат кон независност.
Прелиминарните резултати се очекуваат веќе вечерва, а комисијата за пребројување на гласовите најави дека со официјални податоци ќе излезе утре.
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




