Денес ќе се знае кој ќе добие субвенции за соларен колектор
Објавено во: Економија 08 Јуни, 2013 10:34
Министерството за економија денеска организира јавно извлекување на лицата кои ќе остварат право на надомест на дел од трошоците направени за купен и вграден соларен колектор во своето домаќинство.
Извлекувањето е од петтиот повик за надоместување на дел од трошоците за купување и вградување на соларни колекторски системи во домаќинства за 2013 година. Тој траеше до 31 мај и за негова реализација се предвидени 6 милиони денари.
Во јавното извлекување ќе учествуваат сите апликации што пристигнале во рокот, а избраните ќе бидат субвенционирани со 30 отсто од направените трошоци, но не повеќе од 300 евра.
Досега се субвенционирани 1.901 домаќинство (по 500 во 2007 и 2009 година, 420 во 2011-та и 481 домаќинство во 2012 година) и од Буџетот се исплатени вкупно 27.855.001 денари.
На настанот, кој ќе се одржи во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ од 10 часот, ќе се обрати министерот за економија Ваљон Сарачини.
Можеби ќе ве интересира
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје




