Денес пресуда за викендиците на Латас и браќата во Зелениково
Објавено во: Македонија 04 Јули, 2019 07:38
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде објавена пресудата за случајот „Тревник“ на Специјалното јавно обвинителство, каде обвинети се Драган Павловиќ-Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан за бесправна градба на три викенд куќи во Зелениково.
Од СЈО бараат судот да ги осуди браќата Павловиќ за бесправно градење и да им ги одземе викендичките.
Според СЈО, обвинетите делото го сториле со умисла бидејќи иако знаеле дека немаат право на градба, сепак почнале да градат и иако спротивно на закон изградиле три викенд куќи во Општина Зелеников.
Одбраната, пак ги оспорува доказите на СЈО и посочува дека не успеале да го докажат делото за кое ги товарат.
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да се одржат и нови рочишта за случаите „Маџар Телеком“, „Триста“ и „Т.Н.Т.“ на Специјалното јавно обвинителство.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




