18 Декември, 2025
0.0989

ФАКТОР ДОЗНАВА: ДЕНЕСКА НЕМА ДА ИМА ПРЕДЛОГ ЗА НОВ ГУВЕРНЕР - претседателката Давкова вчера имала интервјуа со тројца кандидати, Законот дава можност да размисли уште неколку дена

Објавено во: Финансии 19 Мај, 2025 10:23

Добивај вести на Viber

Денеска нема да се дознае кој ќе биде предлогот на претседателката Гордана Силјановска Давкова за нов кандидат за гувернер на НБМ, односно тој нема да биде доставен до Собранието, дознава Фактор од свои ивори. 

Според наши информации, претседателката вчера имала средби и разговори со тројца најсериозни кандидати, и ќе и бидат потребни уште неколку дена, врз основа на направените интервјуа, за најдобро да го изгради својот став во врска со тоа прашање, по што ќе го достави својот предлог за нов гувернер до народните избраници.

Ова значи дека на утрешната седница нема да се гласа за изборот на нов прв човек на НБМ, кој практично ќе раководи со монетарната власт во наредните седум години. 

А, според нашите информации, можноста претседателката да размисли уште малку на темата иден гувернер, се со цел да го направи најдобриот избор, и го дава Законот за Народна банка. 

Според Законот за Народна банка, доколку не се изгласа предлогот доставен од претседателот на државата до Собранието, актуелниот гувернер продолжува со извршување на функцијата, се до изборот на новиот гувернер.

„Во смисла на член 55 став 3 од Законот за Народната банка, член на Советот на кој му истекол мандатот, до именување на нов член, ги има истите овластувања и ги извршува истите задачи утврдени со закон.Ова одредба се однесува и на гувернерот на Народната банка“, се вели во законскиот текст. 

Оваа одредба е внесена во Законот за Народна банка во мај минатата година на препорака на ММФ, сè со цел, да се одржи континуитет во работењето на институцијата во случај да до истекот на мандатот не се избере нов гувернер.

Како најсериозни кандидати за позицијата, во јавноста се лиферуваат имињата на актуелната гувернерка Анита Ангеловска - Бежоска, екс министрите за финансии Зоран Ставревски и Трајко Славески, како и екс вицегувернерката Маја Кадиевска-Војновиќ.

Гувернерот се бира на предлог на претседателот на државата, во случајов тоа е претседателката Гордана Силјановска Давкова, а се избира во Собранието на Македонија, за што се потребни 61 глас, односно мнозинство од вкупниот број пратеници во Собранието на Македонија.

Гувернерот има основна задача да ја претставува НБМ, ги претставува монетарната и политиката на девизен курс, одлучува за издавање дозволи на финансиски институции, ги одзема дозволите, ги контролира банките и слично.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра