16 Декември, 2025
0.0464

Денеска продолжува широката консултација за францускиот предлог

Објавено во: Македонија 04 Јули, 2022 07:00

Добивај вести на Viber

Денеска продолжува широката консултација за францускиот предлог за почеток на пристапните преговори на Македонија со Европската Унија. За денес е најавена средба на премиерот Димитар Ковачевски со лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села, а без потврден термин преостануваат уште и консултации со Собранието.

Средбата со Села ќе се одржи во Клубот на пратениците од 11 часот. Премиерот Ковачевски вчера потврди дека имал телефонски разговор со Села и дека најверојатно денес ќе му биде презентиран францускиот предлог.

– Остана за консултација уште дел, јас утрово имав телефонски разговор со Зијадин Села, најверојатно утре ќе се видиме со вицепремиерот за европски прашања да му биде претставен, објаснет во сите делови, изјави Ковачевски по денешната средба со лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за кого ваквиот предлог е неприфатлив.

Преостануваат и консултациите со Собранието, но до вчера немаше потврда кога тие би се одржале.

- Претседателот на Собранието е дел од Советот за безбедност и дискусијата во Собранието ќе се одвива согласно процедурите на Собранието на РСМ, бидејќи Владата не може да му наложува на кој начин Собранието ќе ја води расправата, додаде вчера премиерот.

Консултативниот процес за европскиот предлог се уште не е завршен и со коалициските партнери и разговорите продолжуваат понатаму, иако првата средба од агендата беше одржана со нив.

- Во однос на консултациите ние имавме веќе првична средба со коалиционите партнери, на кои што им беше презентирано, дел од тие коалициони партнери веќе изразија позитивни ставови во однос на предлогот кој што го имаме добиено, дел тоа ќе го направат своите ставови ќе ги кажат во идниот период, ние нормално дека имаме комуникација со нашите коалициони партнери, наведе Ковачевски.

Францускиот предлог вчера беше разгледан и од страна на Советот за безбедност кој го свикува претседателот на државата Стево Пендаровски, кој по седницата изјави дека францускиот предлог е прифатлив. 

Истовремено Ковачевски имаше и средба со лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој потоа рече дека нема да бара предвремени парламентарни избори доколку францускиот предлог биде отфрлен.


Можеби ќе ве интересира

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

ИСКОПУВАЛЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ: МВР најде метални детектори и кутија со 43 златни и сребрени монети

ИСКОПУВАЛЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ: МВР најде метални детектори и кутија со 43 златни и сребрени монети

Интервју со Д-р Слободан Лазаревски: Она што ми се случи можеби беше божји знак за повторно откривање на малите нешта

Интервју со Д-р Слободан Лазаревски: Она што ми се случи можеби беше божји знак за повторно откривање на малите нешта

ПАК ЌЕ БИДЕ ГЛАСНО, АМА БАРЕМ ЌЕ ЗНАЕМЕ КОЛКУ: Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар

ПАК ЌЕ БИДЕ ГЛАСНО, АМА БАРЕМ ЌЕ ЗНАЕМЕ КОЛКУ: Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар