ИАКО РОКОТ БЕШЕ ДО 30 ЈУНИ - Денеска се затвора јавниот повик за ваучери за одмор, бидејќи веќе има повеќе од двојно пријавени
Објавено во: Македонија 16 Јуни, 2021 08:41
Министерството за економија ги известува сите граѓани на Северна Македонија дека заклучно со денешниот ден 16 јуни (среда) се затвара јавниот повик за издавање на потврда-ваучер за користење на средства за организиран одмор на работници со ниски приходи чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000 денари.
Јавниот повик беше објавен на 8 јуни и со краен рок за аплицирање 30 јуни. За една недела од објавување на јавниот повик во архивата на Министерството за економија се пристигнати над 2.600 апликации.
Од Министерството за екониомија објаснуваат дека јавниот повик се затвора денеска и покрај тоа што рокот беше до 30 јуни, од причина што државата има пари за само 1.250 ваучери, а досега се пријавени повеќе од двојно, односно стигнати се дури 2.600 апликации.
„Повикот го затвораме денеска со цел граѓаните да не се пријавуваат бадијала, кога и онака се стигнати повеќе од двојно ваучери“, објаснуваат од Министерстворто за економија.
Оваа мерка е во рамки на Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи 2021 и предвидува издавање на потврди-ваучери за туризам во вредност од 12.000 денари за лица со ниски примања за да истите ги користат во категоризираните угостителските објекти за сместување (хотели) лоцирани во туристичките центри во Република Северна Македонија кои претходно се пријавени во Министерство за економија.
Според јавниот повик оваа година за реализација на оваа мерка се предвидени 15 милиони денари за вкупно 1.250 ваучери.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




