19 Декември, 2025
0.0386

Донираните брзи тестови за ковид нема да им се наплатуваат на граѓаните

Објавено во: Македонија 02 Ноември, 2020 10:32

Добивај вести на Viber

Денеска треба да пристигне донација од 13.000 брзи тестови, кои се најнова технологија, со која за 15 минути се утврдува дали кај тестираниот е присутен вирусот Ковид-19. Тестовите ќе бидат дистрибуирани по сите пунктови каде се врши тестирањето.

„13.000 брзи тестови кои што следната недела ќе бидат дистрибуирани по сите пунктови каде што се прават тестирања. Тоа се брзи тестови кои што се готови за 15 минути, тоа се најновите тестови, најновата технологија, со тоа уште повеќе се зголемува капацитетот на сите државни лаборатории и тоа ќе стане и редовна пракса на тестирање,“ најави министерот Венко Филипче.

Министерството за здравство вчера информираше дека сите државни лаборатории располагаат со доволен број на тестови за Ковид-19, а значително се зголемени и капацитетите на државните лаборатории кои вршат тестирање.

На почетокот на минатата недела во Институтот за јавно здравје функционира уште едно приемно одделение со лаборант и администратор. Со ова значително се забрза процедурата за земање брисеви за Ковид-19 и се зголеми бројот на тестирања на дневна основа во оваа установа, но и во ЦЈЗ Скопје. 

Се поставува прашањето дали овие 13.000 тестови ќе бидат бесплатни, или граѓаните ќе ги плаќаат по цена од 1.000 денари. 

Некои граѓани на социјалните мрежи реагираат зошто ако овие тестови се донација, ќе ги чинат граѓаните по 1.000 денари. Кај нив се создава револт по ова прашање. Затоа, здравствените власти ќе треба да објаснат деали овие 13.000 тестови кои се донација, ќе се наплатуваат за граѓаните, или ќе бидат бесплатни.                                            

„Добро, бре, Венко.. Нели овие тестови се ДОНАЦИЈА? Зашто народот да ги плаќа по 1000 денари? Кој како сака нека ме сфати. јас мислам, дека овие тестови треба да бидат бесплатни. Нели плаќаме здравствено осигурување?“, напиша на фејсбук Лина Јовановска. 

Инаку, од денеска почна тестирањето во поликлиниката Ѓорче Петров, први 4.000 дози кои ги набави државата од компанијата „Абот“, и кои ќе ги чинат по 1.000 денари. 

Дилемата на граѓаните за Фактор ја разрешија надлежните кои велат дека граѓаните не се должни да ги плаќаат донациите што ги добиба државата. Тестирањето со тие тестови нема да биде наплатенпо на ниту еден од гераѓаните.

„Овие тестови ќе бидат дистрибуирани по пунктовите за тестирање, и бидејќи се донација, нема да им се наплатуваат на гараѓаните. Единствено, првите 4.000 дози што го набави Здравствен дом Скопје, бидејќи се набавени преку тендер, ќе имаат цена од 1.000 денари“, веалат надлежните за Фактор.  

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот