Деновиве ќе знаеме колку е заразен омикрон
Објавено во: Свет, Корона Вирус 01 Декември, 2021
Техничката директорка на Светската здравствена организација(СЗО), Марија ван Керхове очекува за неколку дена да има повеќе информации за тоа колку е заразен омикрон сојот.
Некои од главните прашања се дали оваа мутација е позаразна, дали ја избегнува постојната заштита од вакцините и дека треба да се почека на одговорите.
Ван Керхове изјави дека едно можно сценарио е новиот вид да е позаразен од доминантниот делта сој, но додаде дека сè уште не е познато дали омикрон предизвикува потешка форма.
Главниот научник на СЗО, Соумја Сваминатан, кажа дека тие веруваат дека постојните антиковид вакцини делуваат против новиот вид. Вели дека во најголем ризик се лицата постари од 45 години кои имаат коморбидитети.
Д-р Анжелик Кеце која лекува заразени со омикрон во Јужна Африка, вели дека вакцинираните немаат компликации.