Дерковски за Фактор: Нема „предмет“ во ДИК, чекаме информации за хакерскиот напад
Објавено во: Македонија 29 Јули, 2020 13:48
Се уште нема никаква информација за тоа кој го извршил хакерскиот напад на интернет страницата на Државната изборна комисија на денот на изборите и кој бил мотивот. Министерството за внатрешни работи го истражува случајот, а претседателот на ДИК Оливер Дерковски за Фактор вели дека го очекува известувањето. Полицијата требало да извести за сите детали по сознанијата до кои ќе дојде. Во меѓувреме Обвинителството за организиран криминал и корупција отвори предистрага за набавката на софтверот преку кој ДИК ги собираше и требаше да овозможи следење на изборните резултати. Дерковски вели дека сите документи им биле дадени и останува на ставот дека се е чисто.
„При претресот им се дадени документите за договорот со операторот за софтверот и купените три телевизори за кои се интересираа, а за кои имале дојава дека сме си ги купиле за дома. Ние ги купивме за преку нив да се следат резултатите особено за новинарите. Во постапките е се чисто. Софтверот работеше, но останатото и нападот не е во наш домен, вели Дерковски за Фактор.
Обвинителството ја отвори истрагата по допрен глас, откако по падот на сајтот се откри дека тендерот за софтверот еднаш бил поништен за потоа преку постапка со преговарање без објавување на оглас, надградбата на софтверот да ја добие компанијата „Дуна“.
Сепак на избрниот ден не беше хакиран софтверот кој го инсталирала Дуна туку интернет страницата на ДИК.
Од Дуна за Фактор тврдеа дека нивната апликација функционирала цело време.
Можеби ќе ве интересира
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска




