Десет показатели дека на работа не сте доволно платени
Објавено во: Финансии 21 Јули, 2017
Многу луѓе мислат дека се помалку платени одошто заслужуваат, и тоа е причината поради која многумина ја напуштаат работата.
Business Insider наведува 10 причини кои укажуваат дека не сте доволно платени:
работни позиции слични на вашата имаат повисока плата
заработката на вашата фирма е добра, а вие тоа не го чувствувате во џебот
платата која сте ја прифатиле била многу ниска, но не се покачила многу
заработувате помалку од вашите врсници со исто образование
вашите одговорности се зголемени, но не и платата
сите околу вас добиваат бонуси, но не и вие
вашиот начин на размислување е „Среќен сум што сум вработен“
имате чувство дека нешто не е в ред
никогаш не сте преговарале за плата
шефот избегнува да зборува за вашето напредување