05 Декември, 2025
0.0350

Десет работи кои мора да ги направите кога ќе добиете отказ

Објавено во: Мои пари 05 Февруари, 2013 21:05

Добивај вести на Viber

Дали сте знаеле дека статусот на невработените луѓе, сам по себе носи дискриминација на пазарот на труд. Покрај тоа отказот е стресен момент, понекогаш и многу емоционален. Ако некогаш се најдете во ситуација да бидете отпуштени, еве ви неколку совети како полесно да го пребродите периодот и како полесно да стигнете до ново вработување 1.Слушајте го образложението за отказ Доколку сте добиле отказ, мора да обрнете големо внимание на објаснувањето на причините за кои што сте отпуштени. Не исто ако сте отпуштени како технолошки вишок, со уште стотина луѓе и кога компанијата ве отпушта само вас. Последиците се различни и затоа мора да ја знаете точната причина 2.Ништо не потпишувајте веднаш Колку и да изгледа невино формуларот, ако работодавецот кој ве отпушта ви го наметнува во рака-не го потпишувајте. Прво нека го погледне адвокат, а во секторот за човечки ресурси во компанијата која ја напуштате веднаш распрашајте се кои се вашите права и обврски 3.Ви треба адвокат Мора веднаш да дознаете дали сте отпуштени законски или незаконски или постојат некакви назнаки за незаконски отказ, дискриминација и слично. Ако не сте во состојба објективно да согледате што ви се случило, адвокати тоа за вас ќе го направат. 4.Пријавете се на берза на трудот За да се пријавите на берза на трудот мора да имате образлжение за отказ од поранешниот работодавец. Ако во него пишува дека сте отпуштени како технолошки вишок, имате право на надоместок. 5.Променете го статусот на осигурување во Фондот за здравствено осигурување По отпуштањето потребно е во рок од еден месец во Фондот за здравствено осигурување да го промените статусот на осигурување, бидејќи нема повеќе работодавецот да ги уплаќа придонесите. Како невработен имате право на здравствено осигурување 6.Погледнете што се нуди надвор од земјата Во Агенциите за вработување можете да дојдете до информации за работа во странство, како и за условите за работа надвор од државата и добивање на работна дозвола. 7.Освежете си го СV-то Ако долго време не сте го користеле за барање на работа, во вашето CV ќе имате што да додадете. Секогаш можете малку да го “исполирате“. Ако сте останале во добри односи со фирмата која ја напуштате или со поединечни менаџери или колеги, замолете ги за препорака. Доколку ги имате, освежете си го вашиот профил и на Linkedin 8.Пуштете гласини Јавете им се на луѓето од вашата бранша и кажете им дека сте без работа, и да се сетат на вас ако слушнат за некое работно место кое на вас би ви одговарало. 9.Следете ги компаниите кои ве интересираат Следете ги веб страниците и профилите на компаниите во кои сте заинтересирани да работите на сите социјални мрежи. Меѓу објавите може да се појави и оглас за работа, а секогаш е подобро да реагирате веднаш. 10.Развивајте нови вештини Додека барате рабоота искористете го времето за збогатување на CV-то. Учествувајте во работилници, семинари, предавања, курсеви. Волонторајте или продолжете со работа во некоја непрофитна организација, бидејќи е многу важно да работите било што, бидејќи луѓето едноставно сакаат да вработат луѓе кои работата.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје