ДЕСЕТ УЧИЛИШТА, МЕЃУНАРОДНИОТ АЕРОДРОМ СКОПЈЕ, ХОТЕЛИ... МВР ја потврди дојавата за закани за бомби во 16 објекти
Објавено во: Македонија 16 Декември, 2022
Денеска продолжуваат дојавите за бомби во земјава и повторно меѓу заканите се најдоа и најмладите. Нови дојави за поставени бомби има во основни и средни училишта во главниот град и во Битола.
Од МВР потврдуваат дека денеска имало нови дојави како во училишта, така и во трговски центри и други институции...
- До сега во СВР Скопје и СВР Битола било пријавено дека на електронските адреси на десет училишта во Скопје и пет во Битола, како и во Фудбалската федерација на Македонија, хотел Александар Палас, хотел Мериот, трговски центар Ист Гејт, спортска сакал Борис Трајковски и Меѓународен Аеродром Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициските службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите - соопштуваат од МВР.
Фактор веќе објави дека денеска беше испратена закана до хотелот Александар Палас каде беше закажана голема конференција на која требаше да се обрати и премиерот.
Но и дека дојави се испратени и на аеродром, фудбалска федерација...
Фото: ФАКТОР