ЕВАКУИРАНИ ГОСТИТЕ ОД АЛЕКСАНДАР ПАЛАС, МЕЃУ НИВ И ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ: требаше да се обрати на големата конференција
Објавено во: Македонија 16 Декември, 2022
Дојава за бомба утрово е испратена до хотелот „Александар Палас“ каде веднаш е пристапено кон евакуација на гостите.
Пред хотелот веќе се евакуирани сите присутни, а поради закажан голем настан надвор има голем број луѓе.
Според сведоци од настано евакуирани се гостите кои требаше да присуствуваат на голем настан.
Според најавата денеска во хотелот „Александар Палас“ требаше да присуствува и премиерот Димитар Ковачевски.
Настанот требаше да започне во 10:00 часот во хотел Александар Палас, на кое требаше премиерот Димитар Ковачевски да има воведно обраќање на годинешната конференција на Стопанската комора на Северна Македонија на тема: „Предизвици на економските политики во 2023 година“.
Конференцијата со наслов: „Економски предизвици во 2023 година: како да го одржиме економскиот раст и ја трансформираме економијата“ е во организација на Советот за унапредување на високото образование и стратешки истражувања во рамки на Стопанската комора на Северна Македонија.
И претставниците на Стопанската комора на Северна Македонија потврдуваат дека поради анонимна дојава за поставена бомба во местото каде требаше да се одржи Годишната конференција на тема: „Економските предизвици во 2023 година: како да го одржиме економскиот раст и да ја трансформираме економијата“, х. Александар Палас, Скопје, а заради запазување на безбедноста на сите учесници, Ве известуваме дека конференцијата се откажува.
Фото: Фактор